Почетна » Новости » Животни стории » Сe породи 11-годишно девојче на кое му беше забранет абортус откако беше силувано од очувот

Сe породи 11-годишно девојче на кое му беше забранет абортус откако беше силувано од очувот

Единаесетгодишно девојче од Парагвај, кое било силувано од својот очув, роди женско бебе откако му беше забрането да абортира.

Бебето било родено со царски рез. Директорот на „Црвен Крст“ во Асунсион потврдил дека девојчето и новороденчето се во добра здравствена состојба.

Случајот ја шокира јавноста во мај годинава, кога министерот за здравство Антонио Бариос го одби барањето за абортус, потпирајќи се на строгите закони за прекинување на бременоста во Парагвај.

Девојчето било силувано на 10-годишна возраст од својот очув. Бременоста била потврдена во април, кога мајката го однела девојчето на болница откако тоа се пожалило на болки во стомакот. Мајката била веднаш уапсена за негрижа и соучество, а подоцна бил уапсен и очувот на девојчето.

Девојче со своето бебеНа фотографијата друго 13-годишно девојче, кое било силувано од својот очув во Парагвај, го држи своето бебе.

Мајката барала девојчето да абортира и ја добила поддршката од повеќе организации, меѓу кои и „Amnesty International“. „Физичките и психичките последици од присилувањето на ова младо девојче да ја продолжи непосакуваната бременост се изедначува со тортура“ – пишува CNN, цитирајќи ја Гвадалупе Маренго од „Amnesty International“.

И покрај сите предупредувања дека девојчето е изложено на ризик поради возраста, властите не дозволиле абортус. „Ние сме целосно против прекинување на бременоста. Девојчето добива помош перманентно во прибежиште, а бременоста напредува нормално без проблеми“ – изјавил министерот Бариос во мај.

Девојче со силна поракаСлучајот поттикна жестоки дебати и протести во Парагвај. Мало девојче држи порака: „Сексуална злоупотреба на деца, никогаш повеќе. Врисоци без глас“

Парагвај има особено строги закони за абортус. Абортирањето е дозволено само кога бременоста го загрозува животот на мајката.

Според извештај на Обединетите Нации, секоја година се породуваат над 2 милиони девојчиња под 14 години, а многу од нив имаат здравствени последици од бременоста на рана возраст. Околу 70.000 адолесцентки умираат годишно поради компликации од бременост.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.