Почетна » Новости » Животни стории » Родителска љубов до смрт: Мајка и татко со своите тела го спасија малото чедо под урнатини во Кина

Родителска љубов до смрт: Мајка и татко со своите тела го спасија малото чедо под урнатини во Кина

Родителите би дале сè за своите деца, дури и сопствените животи...

Тригодишно девојче беше извлечено ЖИВО, благодарение на последните прегратки од своите родители, откако мина 12 часа под урнатините на зграда во кинескиот град Венџоу.

Ву Ву

Ву Нингси била дома заедно со своите родители кога зградата започнала да се руши над нивните глави. Мајката и таткото без размислување ги жртвувале своите животи и ги поставиле своите тела како штитови околу Ву.

Ву

Среќната вест е што Ву се здобила само со полесни повреди, но жалната вест е што двајцата родители починале кратко време откако биле однесени во болница.

„Прво пронајдовме млад маж. Потоа ги најдовме неговите жена и ќерка, додека расчистувавме. Ги пронајдовме преплетени, мајката и таткото свртени надолу, а нивното девојче помеѓу нивните тела со лицето нагоре“ – изјавил пожарникар.

„Девојчето преживеа благодарение на фактот што нејзиниот татко го искористи сопственото тело и крв за да создаде простор за живот за својата ќерка“ – додал еден од спасувачите.

Ву Ву

Точната причина за рушењето на четирите згради во Венџоу сè уште не е утврдена, но се претпоставува дека се работи за неквалитетна и стара градба. Во несреќата животот го загубија најмалку 22 лица.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.