Почетна » Новости » Животни стории » Родители објавија вознемирувачко видео за да укажат на скриена опасност во домот за малите деца

Родители објавија вознемирувачко видео за да укажат на скриена опасност во домот за малите деца

Родители на седум деца објавија вознемирувачко домашно видео за да ја зголемат свеста за тивкиот убиец кој се крие во многу домови – конците за собирање и спуштање на венецијанките.

Ники и Нејт Вала од Висконсин решиле да го објават видеото од инцидент со нивниот мал син за да ги предупредат другите родители дека нивното дете може да е во опасност на само неколку чекори од нив.

Видеото било снимено случајно пред 10 години. Ники ги снимала своите две синчиња како си играат и за момент се свртела на друга страна. Кога го вратилa погледот, ја дочекал ужас. Нејзиниот 7-годишен син Гевин неподвижно висел до прозорецот, а конецот од венецијанката бил намотан околу неговиот врат. И тоа на неколку чекори од неа.

Во видеото, се слушаат врисоците на Ники додека со сопругот се обидуваат да го ослободат и вратат во живот синот. Нивната приказна има среќен крај, Гевин денес има 17 години, но за многу семејства исходот од ваква незгода е катастрофален.

Предупредување: Видеото содржи вознемирувачки кадри!

Видеото молскавично се распространи низ светот и поттикна многу коментари од лица кои споделуваат слични искуства. „Среќен сум што се распространува. Тоа им ги спаси животите на други деца, кои биле доволно среќни да имаат родители кои го гледале видеото“ – вели Гевин, кој се труди да го доближи видеото до што повеќе родители.

ГевинГевин со татко си Семејство Вала

Во периодот од инцидентот со Гевин досега, во САД биле регистрирани околу 100 случаи со деца кои починале од задушување со конец од венецијанка.

Според организацијата „Parents For Window Blind Safety“, најголем број вакви случаи се забележани кај деца на возраст од 5 години.

Светските компании за венецијанки задолжително поставуваат предупредување на своите производи, а некои брендови како Ikea и Target одат еден чекор подалеку и веќе не продаваат ролетни со лесно достапни конци за прилагодување.

Мерки за претпазливост:

  • Преместете ги детските кревети и играчките подалеку од прозорците на кои има венецијанки.
  • Држете ги сите конци од ролетните надвор од дофат на деца. Соберете ги сите конци кои висат.
  • Скратете ги колку што е можно повеќе конците од венецијанките или пресечете ги.
И домашните миленици често се жртви на задушување со конци од ролетни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11566 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.