Почетна » Новости » Животни стории » Пред само неколку месеци тежеше 18kg, сега брзо напредува во борбата со анорексијата

Пред само неколку месеци тежеше 18kg, сега брзо напредува во борбата со анорексијата

Рејчел Фарок пред само неколку месеци беше преслаба, едвај можеше да зборува и стоеше на работ на смртта. 37-годишната Американка тежеше само 18 килограми и упати емотивна молба за да ѝ се помогне пред да биде предоцна.

Благодарение на добродушни лица кои донираа над 200.000 долари, Фарок доби соодветна медицинска помош и сега брзо се опоравува од канџите на анорексијата.

Рејчел пред неколку месеци и сегаРејчел пред неколку месеци и сега Рејчел пред неколку месеци и сегаРејчел во најлошите моменти пред да добие помош Рејчел Фарок

Рејчел го покажа својот огромен напредок на марш во Вашингтон за подигнување на свеста за нарушувањата во исхраната.

„Имам огромно семејство – се вика светот. Тие ме прегрнаа со една голема прегратка“ – изјавила таа во знак на благодарност кон хуманите лица кои донирале средства и ѝ испраќале охрабрувачки пораки.

Рејчел на маршот во ВашингтонРејчел на маршот во Вашингтон

За време на тешкиот период, најголема поддршка Рејчел добивала од својот сопруг кој се откажал од работата како личен тренер за да се грижи за неа.

Рејчел Фарок

Во мај, Рејчел не можеше да се движи сама, бидејќи преслабите нозе не можеа да го издржат товарот, а денес може да оди самостојно. Таа во минатото се обидувала да изгради актерска кариера, но сега е решена да биде активистка за да им помага на оние кои страдаат од нарушувања во исхраната.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12006 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.