Почетна » Новости » Животни стории » Пораките на славните личности за терористичкиот напад на концертот на Аријана Гранде во Манчестер

Пораките на славните личности за терористичкиот напад на концертот на Аријана Гранде во Манчестер

Светот го потресе веста за терористичкиот напад во Манчестер. Непосредно по завршувањето на концертот на Аријана Гранде, во фоајето на Манчестер Арената бомбаш-самоубиец активира импровизирана експлозивна направа, безмилосно одземајќи 22 животи.

Исламската држава (ISIS) презеде одговорност за кукавичкиот напад кој остави и 119 повредени.

Емотивни пораки ги исполнуваат социјалните мрежи. Пораки со сочувство, молитви и осуда испратија и многу славни личности.

Аријана Гранде: „Скршена сум. Од дното на моето срце, многу, многу ми е жал. Немам зборови.“

Дејвид Бекам: „Вести кои го кршат срцето доаѓаат од Манчестер. Како татко и како човек, она што се случи навистина ме растажи. Моите мисли се со сите оние кои се засегнати од оваа трагедија.“

Викторија Бекам: „Искрено сочувство и молитви за сите засегнати од трагедијата во Манчестер од синоќа“.

„Сите ќе си легнеме вечерва гушкајќи ги посилно нашите малечки“ – рече Џејмс Корден на крајот на својот монолог.

Ријана: „Манчестер секогаш ми бил блиску до срцето! Ова се невини, ранливи деца, ова можеше да биде секој од нас!“

Шерил: „Апсолутно ми се гади и сум бесна од овој бесмислен, злобен напад. Моите мисли се со сите засегнати. Живееме во вознемирувачки времиња.“

„Многу млади и прекрасни и невини луѓе кои уживаа во животот се убиени од овие злобни губитници во животот. Нема да ги наречам чудовишта, бидејќи ним би им се допаднало тоа, ќе си помислат дека тоа е добар назив. Отсега ќе ги нарекувам губитници, зашто тие се токму тоа: Тие се губитници. Ќе имаме уште од нив, но тие се губитници, само запомнете го тоа“ - рече Доналд Трамп.

Владимир Путин: „Остро го осудуваме ова цинично и нечовечко злодело. Очекуваме неговите организатори да не останат неказнети.“

Ангела Меркел: „Со огромна тага и шок ги следам извештаите од Манчестер. Несфатливо е како некој може да искористи весел поп концерт за да убие и сериозно да повреди толку многу луѓе. Сакам да упатам искрено сочувство кон сите жртви и засегнати, како и до нивните семејства обвиени во тага и очај.“

Бруно Марс: „Нема зборови кои можат да опишат како се чувствувам за она што се случи во Манчестер. Не сакам да верувам дека светот во кој живееме може да биде толку суров.“

Тејлор Свифт: „Моите мисли, молитви и солзи се за сите засегнати од трагедијата во Манчестер вечерва. Ви испраќам на сите љубов.“

Манчестер Манчестер Манчестер Манчестер Манчестер Манчестер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10364 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.