Почетна » Новости » Животни стории » По спонтан абортус и борба со неплодност, пар објави дека ќе има близнаци со фотографија од инјекциите за ин витрото

По спонтан абортус и борба со неплодност, пар објави дека ќе има близнаци со фотографија од инјекциите за ин витрото

Шпикозни опкружени со стотици празни шприцови и шишенца за таблети стојат во фокусот на моќна фотографија со која пар објави дека очекува близначиња.

Трудницата Лорен Вокер покажа низ што сè минуваат жените кои се соочуваат со неплодност и кои надежта дека ќе станат мајки ја гледаат во ин витро оплодување.

Фотографија на Лорен Вокер

Во емотивен текст таа раскажа за мачниот тригодишен период во кој доживеала спонтан абортус и неуспешни обиди за забременување. Најубавото е што нејзината сторија има ново среќно поглавје – моментално таа е бремена со момче и девојче.

Се молевме 953 дена....

452 игли

Илјадници солзи

1 корективна операција

4 обиди со кломифен/летрозол

2 ин витро оплодувања

3 неуспешни трансфери

И 1 неверојатен БОГ.

Ние сме пресреќни што конечно можеме да соопштиме дека очекуваме момче/девојче БЛИЗНАЦИ!!!

Дук и Дијана Вокер – август 2017.

Вадењето на овие игли за да ја направам оваа фотографија беше... надреално. Кога стигнав до половина, моите раце започнаа да треперат, дишењето ми запре и морав да прекинам. Седнав, ги погледнав и почнав да плачам. Плачев не затоа што бев тажна за тоа колку многу беше потребно за да стигнеме до овој момент, туку затоа што тоа го претставуваше мојот свет, нашиот свет, во изминатите две и пол години. Имаше многу болка, надеж и страв зад секоја од тие игли. Секоја од нив претставува различен ден, различен пат, различна емоција.

Откако добро се исплакав, колку повеќе гледав во иглите, толку повеќе тие избледнуваа. Сега сè што гледам се овие малечки шпикозни кои толку совршено го сумираат нашето патување: Вредеше чекањето. И чекањето, и чекањето, и чекањето.

Најтешкиот дел од ова патување не беше вештачкото оплодување. Најтешкото за мене беше што поминав низ цел циклус за на крајот да губам ембрион по ембрион – 5. Стигнав толку далеку за на крајот да имам спонтан абортус. Крај.

„Многу ни е жал г-ѓо Вокер, но вашиот последен обид беше неуспешен“. Се сеќавам на тој ден, беше два дена пред Божиќ 2015 година. Помислував дека е сон или можеби тивок кошмар. Се чувствував скршена и празна физички, емоционално и духовно. Се сеќавам на ноќите кога го стискав распарченото срце и празната утроба и плачев, му викав на Бог прашувајќи го: „Зошто? Што не е во ред со мене? Што уште сакаш да направам?“.

Мојата верба беше тестирана секој пат. Но, моето срце ми кажуваше да продолжам понатаму. Да не се откажувам. Понекогаш погледнувам наназад и не можам да поверувам дека издржав. Тоа не ме скрши. Пријателите и семејството нè охрабруваа, помагајќи ми да се искачам на таа огромна планина која стоеше пред мене.

Деновите во кои „се лизгав“ и мислев дека нема да можам да продолжам, мојот сопруг беше до мене за да ме фати и да не ми дозволи да паднам. Гарит Вокер, ти си најтрпеливата, најмудрата и најцврстата личност која некогаш зачекорила на оваа земја. Ти навистина го одеше со мене секој чекор од овој пат.

Велат дека Бог ни дава онолку со колку што можеме да се справиме. Па, Тој сигурно имал многу високо мислење за нас. Колку и да беа болни изминативе години, почестена сум што Тој го избрал овој пат за мене. Тој ми ја покажа моќта на вербата, утехата во молитвата и силата која никогаш немаше да ја пронајдам сама. Над сето тоа, Тој не благослови не со едно чудо, туку ДВЕ.

Кога ја видов првата снимка од ултразвукот и да држев нивната слика, се сеќавам дека плачев... се тресев... гледав во нив и повторував: „Мама ве сака. Мама ве сака двајцата многу.“

Фотографија на Лорен Вокер

На секој кој се бори со неплодност, нека нашата приказна му биде утеха и надеж. Велат „Кога ќе побараш нешто од Бог, Тој или ќе одговори ДА и ќе ти го даде. Или ќе рече ВО РЕД и ќе те натера да чекаш. Или ќе одговори НЕ, ќе те натера да чекаш уште подолго и ќе ти подари нешто многу подобро.“

Ако Тој одговореше на нашите молитви тогаш, во 2015 година, ние немаше денес да ги имаме овие ангелчиња кои се на пат. Тие ќе беа сосем други деца и ние ќе имавме сосем различен живот.

Гарит, не постојат зборови кои можат да опишат колку си неверојатен. Тој е трпелив кога јас не сум. Тој е смирен. Тој е нежен со своите зборови. Тој е мојот потсетник за таблети. Мојот личен фармацефт. Тој ми ги става инјекциите. Тој ми дава дневна доза охрабрувачки зборови. Тој е мојот мотиватор. Тој ми е причина да бидам силна. Тој ми е сопруг и татко на моите деца. Тој ми е сè. Овие бебиња не знаат колку неверојатно среќни се што го имаат него за татко. Те сакам толку многу. Со нетрпение ја чекам оваа нова авантура.

Дук и Дијана, вие веќе сте многу сакани.

Мама и тато едвај чекаат да ве држат во рацете, бидејќи цел живот ве носевме во нашите срца.

Фотографија на Лорен Вокер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11099 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.