Почетна » Новости » Животни стории » По 72 години брак, починале заедно држејќи се за рака

По 72 години брак, починале заедно држејќи се за рака

Ниту смртта не успеа да раздели еден брачен пар од Ајова. Држејќи ја за рака својата сопруга, прво починал 94-годишниот Гордон Јегер, а точно еден час подоцна за последен пат издишала и 90-годишната Норма Јегер.

Според нивните блиски, заминувањето на Гордон и Норма од овој свет било одраз на нивниот живот. „По правило, сè правеа заедно“ – изјавила нивната ќерка, 71-годишната Дона Шитс.

Гордон и НормаГордон и Норма Јегер

Брачниот пар во средата тргнал на кратко патување до соседен град, но никогаш не успеал да стигне на крајната дестинација. Поради сообраќајна несреќа двајцата завршиле на болница на одделение за интензивна нега. На почетокот тие биле во одделни соби, но ниту за момент не престанале да се грижат еден за друг.

Откако станало јасно дека нивната состојба не се подобрува, биле префрлени во иста соба и нивните кревети биле поставени така што да можат да се држат за раце.

„Си ги споија рацете, неговата десна и нејзината лева рака“ – раскажала Дона.

Гордон и Норма

Не поминало долго време пред Гордон да почине. Иако тој не дишел, присутните се изненадиле што апаратот кој ја следел состојбата на неговото срце сè уште покажувал отчукување на срцето.

„Некој рече: Зошто тогаш кога ќе погледнеме на неговиот монитор срцето сè уште чука? Медицинската сестра објасни дека тато го презема пулсот на срцето на мама преку нејзината рака“ – раскажал нивниот син Денис Јегер.

Норма починала точно еден час по смртта на нејзиниот сопруг.

„Тато отсекогаш велеше дека жената секогаш вреди да ја чекаш. Тој ја чекаше еден час и ја држеше вратата отворена за неа“ – изјавил Денис.

Неразделниот пар стапил во брак во далечната 1939 година на истиот ден кога Норма завршила средно училиште. Во текот на брачниот живот патувале и работеле заедно. Имале 14 внуци, 29 правнуци и едно пра-правнуче.

По смртта, Норма и Годон биле ставени во ист ковчег и нивните раце биле соединети. Тие ќе бидат кремирани, а нивната пепел ќе биде измешана пред погребот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.