Почетна » Новости » Животни стории » Новогодишно чудо: 11-месечно бебенце беше спасено по 36 часа поминати под урнатини во Русија

Новогодишно чудо: 11-месечно бебенце беше спасено по 36 часа поминати под урнатини во Русија

На новогодишната ноќ, поради експлозија на гас во рускиот град Магнитогорск се сруши станбена зграда. Несреќата однесе најмалку 30 жртви, а десетина се водат како исчезнати.

36 часа по експлозијата, 11-месечно бебенце беше пронајдено живо под урнатините, откако спасувачите го слушнале неговиот плач.

„За време на ‘минутите тишина‘ кога спасувачите застануваат за да ги слушнат потенцијалните преживеани, плач се слушна под остатоците“ – изјавил Борис Дубровски, гувернерот на Чељабинската област.

Тоа што бебето преживеа 36 часа на температура околу минус 20 Целзиусови степени неговиот татко го нарекува „новогодишно чудо“.

ВИДЕО

На снимката се забележува дека бебенцето не е топло облечено, па спасувачите изјавиле дека тоа веројатно се спасило бидејќи за време на несреќата се наоѓало во детското креветче, завиткано со ќебе. „Спиев на каучот преграната со мојот постар син, а помалиот спиеше во неговото креветче“ – изјавила мајката.

Бебето е тешко повредено, но моментално се наоѓа во стабилна состојба во болница во Москва.

Спасување на бебе Спасување на бебе Спасување на бебе Спасување на бебе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10396 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.