Почетна » Новости » Животни стории » Никогаш не ѝ е здодевно: Фотографиите на мајка на СЕДУМ мали деца

Никогаш не ѝ е здодевно: Фотографиите на мајка на СЕДУМ мали деца

Мислите дека вашиот живот е хаотичен?

Запознајте ја Роксана Хофман, мајка на седум мали деца, меѓу кои една петорка, која во најголем дел од времето сама се грижи за своето семејство.

Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман

Роксана е мајка на 10-годишниот Конор, 2-годишните Аурора, Бриел, Дилајла, Елијас и Фелисити и едногодишниот Гидеон. Бидејќи нејзиниот сопруг Мајкл е војник, таа мора да се справува сама со домашните обврски и грижата за децата.

Мајкл честопати со месеци отсуствува од дома поради неговите служби на далечни локации низ светот, а заради неговата кариера како воено лице, семејството во последните две години се има преселено трипати. Тој во моментов е на служба и ќе се врати дома дури во август.

27-годишната Роксана редовно споделува фотографии од својата хаотична, но забавна реалност и постојано добива комплименти затоа што одлично се справува со својата улога. За да се прилагоди на ситуацијата, Роксана мора да вози возило со 15 седишта и има бебешка количка со пет седишта, а за да биде бебето безбедно, таа има цела соба полна со бебешки креветчиња.

Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман

Роксана и Мајкл ја добиле својата петорка откако направиле инсеминација во обид да го добијат своето второ дете. Претходно парот имал изгубено една ќерка во 24. недела од бременоста, по што му била дијагностицирана секундарна неплодност.

За време на вториот преглед со ултразвук, среќните родители добиле вест дека ќе добијат близнаци, но веќе на третиот преглед, тие слушнале пет силни срцебиења.

„Мојот сопруг пребледи и за малку ќе се онесвестеше. И јас не бев подготвена, но морав да се шегувам за да останам силна. Целото наше семејство беше изненадено и шокирано“ – вели Роксана, која морала да јаде по 7.000 калории дневно за да одржи здрава тежина за своите деца.

Само 11 дена по раѓањето на петорката, Мајкл морал да се врати на работа, а кога бебињата имале по 6 месеци, тој бил испратен на воена служба во друга држава. Мајката на Роксана морала да се пресели во нивниот дом за да ѝ помага во грижата за децата.

„Првите месеци ми се заматени. Менувавме по 50-60 пелени дневно, и секој ден одевме на доктор зашто бебињата беа родени предвреме. Беше постојан хаос, воопшто не спиевме. Спиев само по половина час. Моравме да пишуваме сè за да не згрешиме нешто. Честопати се чувствувавме совладани, но моравме да наоѓаме радост во сето тоа“ – додава таа.

Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман

Поради огромната сличност, Роксана им ги лакирала ноктите на бебињата во различни бои за да може да ги разликува.

„Се обидувам да живеам во моментот. Многу е важно да наоѓам време за себе, па макар и тоа да е излегување на неколку минути за да ја земам поштата. Тие ќе одат во градинка следната година што ми носи микс од емоции, бидејќи тие ми беа цел живот во последните две години“ – вели Роксана.

Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман Семејство Хофман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11709 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.