Почетна » Новости » Животни стории » Невеста направила свадба во болница за да присуствува мајка ѝ која е болна од рак

Невеста направила свадба во болница за да присуствува мајка ѝ која е болна од рак

Млад пар покажа дека за совршена свадба не е важна локацијата, туку кои луѓе ќе бидат сведоци на специјалната церемонија. Кетрин Коупленд и Конер Вуд планирале да стапат во брак на 1 ноември во Скотсдејл, Аризона. Но, плановите целосно се промениле кога Кетрин дознала дека мајка ѝ завршила на болница и дека ја губи 11-годишната битка со рак.

Свадбата била презакажана и се одржала на 22 октомври во болница во Хјустон, Тексас, каде била лекувана мајката на Кетрин. Заљубениот пар се заколнал на вечна љубов во дворот на болницата.

Кетрин со мајка сиКетрин со мајка си Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд

„Никогаш нема да го заборавам моментот кога Кетрин и нејзиниот татко минуваа низ болницата, додека пациентите ракоплескаа... Радоста беше заразна“ – пишува на својот блог свадбениот фотограф за големиот ден.

Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд

Откако младенците си го кажале судбоносното „Да“, сите гости прославиле со торта и шампањ во просторија на болничкото одделение каде лежела мајката на Кетрин.

Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд Свадбата на Кетрин Коупленд и Конер Вуд

Две недели по свадбата, мајката на Кетрин издишала за последен пат.

„Сметаме дека Бог се вмеша и ни дозволи да имаме голем и неверојатен ден кој беше сè што се надевавме дека ќе биде и подобар од тоа што го планиравме, наместо слатко-горчлива церемонија покрај болнички кревет. Низ сето тоа нè водеше вербата во Бог, а таа верба ја водеше мајка ми низ последните 11 години и оние навистина мачни 5 недели на крајот“ – изјавила Кетрин за Huffington Post.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.