Почетна » Новости » Животни стории » Најтажната свадба: Невеста го кажа судбоносното „Да“ од болнички кревет неколку дена пред смртта

Најтажната свадба: Невеста го кажа судбоносното „Да“ од болнички кревет неколку дена пред смртта

Вообичаено кога младенците се заколнуваат на вечна љубов, планираат долг заеднички живот. Но, Алек и Саманта Вебстер на свадбениот ден знаеле дека прекратко ќе бидат во брачна заедница. Невестата, која боледувала од редок и агресивен рак, починала само неколку дена подоцна.

Нивната посветеност и голема љубов трогна милиони срца низ светот.

33-годишната Саманта ги користела последните сили за да се смее и радува на големиот ден. Свадбата се одржала во хоспис за палијативна нега.

Алек и Саманта Вебстер Алек и Саманта Вебстер Алек и Саманта Вебстер

Парот бил во врска четири години и планирал да има бебе, но планот за семејство бил уништен кога Саманта ненадејно ја добила страшната дијагноза. Имено, младата учителка, која водела здрав живот без пороци, отишла на болница поради силни болки во стомакот. Прегледите покажале дека поради канцер ѝ преостануваат само неколку недели живот.

Само десет недели по дијагнозата и неполна недела по свадбата, таа издишала за последен пат.

38-годишниот Алек до последен момент стоел на зборот дека ќе ѝ подари на Саманта свадба каква што заслужува.

„Свадбата беше многу емоционална за нас. Тоа беше најтежок, но истовремено и прекрасен ден. Кога беше дијагностицирана, бевме принудени да притиснеме на кочницата на животот. Веќе имавме одлучено дека сакаме да се земеме. Сем беше единствената личност која можеше да се смее без оглед на околностите и ги смееше другите. Немаме фотографија на која таа не е насмеана. Тоа беше прекрасен ден и мило ми е што можевме да го оствариме, затоа што отсекогаш сакавме свадба. Отсекогаш сакавме заедничко семејство и чекавме да имаме бебе заедно. Скршено ми е срцето, но сум и горд што го направивме ова“ - изјавил Алек.

Алек и Саманта Вебстер Алек и Саманта Вебстер Алек и Саманта Вебстер

Сем и Алек се запознале во фитнес сала. „Сем никогаш не пушеше и не се дрогираше и никогаш не пиеше алкохол, секогаш пиевме вода кога ќе излезевме. Ѝ кажаа дека има рак 10 недели пред да умре на 7 септември, но докторите велат дека тој веројатно растеше во неа 6-8 месеци претходно“ - сподели Алек.

Трогателните фотографии од свадбената церемонија го обиколуваат светот и на одреден начин се потсетник дека треба да ја цениме секоја минута која ја имаме на овој свет.

Алек и Саманта Вебстер Алек и Саманта Вебстер Алек и Саманта Вебстер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11043 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.