Почетна » Новости » Животни стории » Моќни фотографии од манекенка која се бореше со рак додека беше бремена со малото синче

Моќни фотографии од манекенка која се бореше со рак додека беше бремена со малото синче

Елизавета Булокова е модел кој се врати пред фото-објектив за да покаже како изгледаат лузните од борба со рак и да покаже дека по тешката битка се издигна како феникс, посилна отсекогаш.

25-годишната девојка изгубила 95% од својата вилица поради остеосарком, преживеала тешка операција додека била бремена, се породила 10 седмици предвреме, а потоа била подложена на хемотерапија. Со моќната фотосесија таа на одреден начин прославува за своето преживување.

Елизавета Булокова

Елизавета имала успешна кариера како модел. Минатата година, додека со своето момче Роман Троубетској се одмарале во Амстердам, десната страна на нејзината вилица започнала да отекува. Испитувањата покажале дека станува збор за остеосарком на нејзината вилица. Докторите закажале тешка операција за отстранување на нејзината вилица и ѝ рекле дека ќе мора да го абортира неродениот син Валентин за да започне со хемотерапија.

За време на 16-часовна операција, 95% од вилицата на Елизавета била отстранета, а потоа реконструирана со коска, вени и нерви од нејзината десна нога и десното рамо. По операцијата, еден месец Елизавета не можела да се погледне во огледало. Поради компликации, започнувањето на хемотерапијата било одложено. Два дена пред закажаниот абортус на нероденото бебе, Елизавета и Роман се консултирале со доктори за можноста да се породи предвреме. Откако добиле потврда од докторите дека Валентин има шанси да преживее ако Елизавета се породи во 28. недела од бременоста, тие веднаш избрале да одат на таа опција.

Валентин се родил со царски рез 10 недели предвреме и 51 дена по раѓањето бил на оддел за неонатална интензивна нега. Неговото раѓање било нарекувано чудо.

Елизавета Булокова Елизавета Булокова

Елизавета поминала низ силна хемотерапија, но нејзината борба со ракот сè уште не е целосно завршена.

Елизавета Булокова Елизавета Булокова Елизавета Булокова

Во иднина Елизавета ја очекуваат уште реконструктивни операции, но засега таа се радува со секој момент поминат со Валентин и Роман. „Не можам да си поверувам дека сум мајка и дека имам свое семејство“ – рекла таа во интервју за Vice.

Елизавета Булокова Елизавета Булокова Елизавета Булокова Елизавета и РоманЕлизавета и Роман пред таа да се соочи со тешката болест Елизавета Булокова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.