Почетна » Новости » Животни стории » Минијатурен борец: Девојче ги надмина очекувањата на докторите, го прослави 12. роденден

Минијатурен борец: Девојче ги надмина очекувањата на докторите, го прослави 12. роденден

Кога Кенеди Џордин-Бромли дошла на овој свет со тежина од околу еден килограм и должина од 28 сантиметри, докторите ѝ дале само неколку дена живот. Но, минијатурното девојче ги надмина очекувањата на сите околу себе и го прослави 12-тиот роденден.

Кенеди е висока помалку од еден метар и тежи 9,5 килограми. Таа е жилав мал борец кој константно води тешка битка со животот и победува.

Кенеди со мајка сиКенеди со мајка си Кенеди Џордин-Бромли

Кенеди, која медицинските сестри по раѓањето ја нарекле „Палешка“, имала само 8 месеци кога докторите потврдиле дека има ретка болест од која страдаат околу 100 лица во светот. За разлика од повеќето лица со џуџест раст, Кенеди има и пропорционално мала глава и екстремитети, што придонесува да изгледа како кукла.

Кенеди Џордин-Бромли Кенеди Џордин-Бромли Кенеди Џордин-Бромли

Нејзината мајка Бриен живее во постојан страв дека во секој момент ќе ја изгуби својата сакана ќеркичка. „Направивме крштевка веднаш штом се роди, бидејќи ни рекоа дека треба да ја донесеме дома за да умре. Повеќето родители не мораат да си замислуваат дека нивните деца нема да преживеат до одредена возраст, но за нас е реалност дека најверојатно ќе ја изгубиме. Го губам здивот штом ќе помислам на тоа“ – рекла Бриен.

Сепак, Кенеди е одлучна дека сака да живее. Таа оди на училиште со деца на нејзина возраст, плива, игра хокеј и е полна со љубов и енергија.

Кенеди Џордин-Бромли Кенеди Џордин-Бромли Кенеди Џордин-Бромли

„Таа е многу љубезна, полна со љубов и сака да дели сè со секого. Таа е енергична, посветена и самостојна. Толку сум горда кога ја гледам како ги извршува задачите, што ми се плаче. Многупати плачам кога ја гледам на лизгалиштето, за сè што прави таа, јас плачам“ – рекла Бриен, која само посакува нејзината ќерка да е среќна.

Кенеди Џордин-Бромли Кенеди Џордин-Бромли Кенеди Џордин-Бромли Кенеди Џордин-Бромли Кенеди Џордин-Бромли Кенеди Џордин-Бромли Кенеди Џордин-Бромли Кенеди Џордин-Бромли

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.