Почетна » Новости » Животни стории » Мајка со рак на кожата сподели шокантно селфи за да истакне колку се опасни солариумите

Мајка со рак на кожата сподели шокантно селфи за да истакне колку се опасни солариумите

Сончевите денови се пред нас, но пред да решите да легнете незаштитени под сончевите зраци или да влезете во солариум за да добиете потемен тен, прочитајте ја приказната на Тони Вилаби.

Тони е мајка на двегодишен син која страда од рак на кожата како последица на честото користење на солариум во тинејџерските денови. Откако шестпати ѝ бил дијагностициран рак, Вилаби решила да испрати предупредувачка порака до светот преку шокантно селфи од нејзиното лекување.

„Ако некој има потреба од малку мотивација за да не легне во солариум или на сонце, еве ја. Вака може да изгледа лекување на рак на кожата. Користете крем со заштитен фактор и кремови за самопотемнување. Имате само една кожа и треба да се грижите за неа. Учете од грешките на другите луѓе. Не дозволувајте потемнувањето да ве спречи да ги гледате вашите деца како растат. Тоа е мојот најголем страв сега кога и самата имам двегодишно момче“ – напиша Тони.

Тони Вилаби Тони Вилаби

Фотографијата на Facebook е споделувана повеќе од 50.000 пати. Тони подоцна објаснила и дека на секои 6-12 месеци посетува дерматолог и дека речиси на секој преглед ѝ било отстранувано ткиво зафатено од рак.

Во интервју за CNN, Вилаби признала дека како тинејџерка обожавала да има темна кожа и дека поседувала и сопствен солариум кој го користела 4-5 пати неделно. „Имав сопствен солариум дома. Не ни размислував за иднината или за ракот на кожа во тоа време“ – рекла таа.

Тони ВилабиТони Вилаби во тинејџерските години

Откако на нејзина пријателка ѝ бил дијагностициран меланом, најлошиот вид рак на кожа, Тони за првпат посетила дерматолог. Имала само 21 година кога ја слушнала лошата вест. Досега 27-годишната мајка шестпати се лекувала од рак на кожа – петпати базоцелуларен кожен карцином и еднаш сквамозен или планоцелуларен кожен карцином.

Тони Вилаби Тони Вилаби

„Многу сум благодарна што немам меланом! Ракот на кожа не е секогаш бемка, само еден од моите беше бемка. Прегледајте ја секоја нова и сомнителна точка или флека која расти. Прегледајте сè што не заздравува, кое крвари и е стврднато. Колку побрзо го откриете, толку е помала веројатноста да ви остане деформирачка лузна или да порасне доволно длабоко за да метастазира“ – ова е пораката на Тони до сите обожаватели на темниот тен.

Тони Вилаби

Иако не очекувала да привлече толку големо внимание, Вилаби е среќна што нејзината приказна допрела до илјадници луѓе: „Убаво е да слушаш како луѓето велат дека нема да се сончаат повеќе. Имаше и мајки кои ми се заблагодарија што ги споделив моите фотографии со нивните ќерки. Луѓето од мојот град рекоа дека ќе ги продадат своите солариуми“ – рекла таа.

Тони Вилаби

Прочитајте повеќе за тоа како навремено да го откриете меланомот:

Правилото ABCDE кое може да ве спаси од меланом

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11478 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.