Почетна » Новости » Животни стории » Мајка одбила да се откаже од синот со церебрална парализа, сега тој студира на Харвард

Мајка одбила да се откаже од синот со церебрална парализа, сега тој студира на Харвард

Момче со церебрална парализа ги надмина очекувањата на докторите, кои му прогнозирале мизерен живот, и сега е 29-годишен студент на Харвард. И сето тоа благодарение на неговиот поддржувач број еден – неговата мајка.

Непосредно по раѓањето во 1988 година, на Динг Динг од Кина му била дијагностицирана церебрална парализа. Докторите веднаш ја советувале мајка му Ѕоу Хунгјен да се откаже од него зашто биле убедени дека тој ќе биде или хендикепиран или со ниска интелигенција кога ќе порасне.

Ѕоу Хунгјен

И таткото сметал дека детето ќе биде само товар за семејството и уште веднаш се откажал од него.

Но, мајчината љубов на Ѕоу била многу поголема од тоа.

Таа веднаш се развела од сопругот и си поставила мисија да се грижи за синот најдобро што умее. Иако работела на три работни места истовремено за да може да си го дозволи лекувањето на Динг Динг, посветената мајка наоѓала време и за да игра со него и да решава загатки за стимулирање на работата на мозокот и сетилата.

Ѕоу Хунгјен Ѕоу Хунгјен

Ѕоу успеала и да го научи малиот Динг Динг да користи стапчиња за јадење со своите вкочанети раце, а самата таа научила како правилно да му ги масира вкочанетите мускули. Таа го охрабрувала да работи напорно за да ги надмине неговите слабости.

„Не сакав тој да се срами поради неговите физички проблеми. Бидејќи имаше ограничени способности во многу области, бев многу строга со него за да работи напорно и да надомести онаму каде што имаше потешкотии“ – објаснила Ѕоу.

Слободно може да се каже дека мисијата на мајката е успешна.

Во 2011 година, Динг Динг дипломирал на Универзитетот во Пекинг, а во моментов студира на Харвард. Тој ја нарекува мајка си „спиритуален ментор“.

Ѕоу Хунгјен

Хунгјен доби многу аплаузи од светот за својата посветеност и мајчинската грижа.

Ѕоу Хунгјен Ѕоу Хунгјен Ѕоу Хунгјен Ѕоу Хунгјен Ѕоу Хунгјен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.