Почетна » Новости » Животни стории » Мајка од Скопје ја сподели својата „хорор приказна“ откако 11-месечната ќерка ѝ била искасана и повредена во градинка

Мајка од Скопје ја сподели својата „хорор приказна“ откако 11-месечната ќерка ѝ била искасана и повредена во градинка

Мајка одлучи јавно да го искаже својот револт откако ја зела својата 11-месечна ќерка од градинка со рани и повреда на главата.

Теодора Несторовиќ на Facebook објави фотографии и сподели дека преживеала шок кога ги видела раните по телото на ќеркичката и кога на хирургија ѝ откриле хематом од повреда на главчето. Случајот веќе е пријавен кај надлежните органи.

Теодора била најмногу изреволтирана поради фактот што вработените во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ ѝ рекле дека девојчето е полазено од инсект, а откако случајот бил пријавен во полиција, тие изјавиле дека „детето било така донесено“.

Еве ги фотографиите прикачени од револтираната мајка заедно со нејзиниот текст:

Рани Рани Рани Рани

Не толку кратка хорор приказна каква што никому не посакувам.

Среда, 11ти јули, 2018 година.

Околу 16ч. одам да си ја соберам ќерка ми од градинка (Раде Јовчевски Корчагин), инаку 11 месечно бебе. На врата од собата ме дочекува воспитувачката со ќерка ми во раце, велејќи ми дека сѐ поминало во најдобар ред дента, освен тоа што не сакала да спие, и, уз пат, дека на грбчето имала нешто исфрлано, веројатно инсект ја пролазил. Одма ја погледнав, очигледен загриз во пределот на грбот, и веднаш ѝ укажав дека несомнено е загризана од друго дете. Ја прашав дали плачела дента, рече не. Исто така ми кажа дека моментално се повеќе групи споени во една поради летни одмори и дека малку биле во хаос па не знае што се случило, ќе ја прашала колешката.

Fast forward, стигам дома со Лира, ја соблекувам за бањање и гледам дека под загризот кој ми го покажа воспитувачката (кој инаку не изгледаше посебно страшно во момемтот) има уште еден многу посериозен загриз, закрварен и модар, со правилен отисок од детска вилица. Луѓе, мене некој така да ме загриза ќе вриштам од болка, а не бебе. Се вадам од памет, продолжувам да ја соблекувам и забележувам гребаници во горниот дел од десното ноџе. Изреволтирани поради игнорантноста на воспитувачките, со сопругот решивме да ја однесеме ќерка ни кај матичната докторка за да ни даде некаков извештај како доказ, во кој ќе биде посочено дека бебето ми е изгризано и изгребано. Докторката го потврди тоа што го знаевме, дека се работи за очигледни гризнувања, какво пролазено, какви бакрачи, па дури и самата ни предложи да ни даде упат за на детска хирургија, за таму да ја прегледаат и ни го дадат извештајот што ни треба за во случај да одлучиме правно да го истераме случајов.

Уште еден fast forward, се наоѓаме на детска хирургија, ја прегледуваат ќерка ми, и докторката забележа удар на главата, видлив хематом, подуена зацрвенета џумка. Овој момент ми го скрати животот за многу, многу години. Во меѓувреме, од детска хирургија самите го пријавија случајот во полиција.

Веднаш ни дадоа упат за снимање на главчето, и после многу размислување дали да ја снимиме, затоа што се работи за прилично сериозно зрачење за 11 месечно бебе, решивме да ја снимиме. Од страв. И паника. И уште милион грозни емоции кога родител се соочува со ваква голгота.

Снимањето помина (трауматично, и за ќерка ми и за нас), а резултатите, после 2 часа чекање, ЗА СРЕЌА, беа океј. Можеа и да не се. Можеше да биде многу, многу полошо. Нема да зборувам за стресот што го доживеавме и ние и бебето, цел ден по болничките ходници.

Ова е основна негрижа и згора на сѐ лажење, а ние никогаш нема да дознаеме што точно се случило со нашето дете. Прашањето е што правеле воспитувачките додека ќерка ми била загризана не еднаш, туку два пати, додека била изгребана и додека паднала со глава (веројатно, според ударот) на под? Демек не плачела? Каде биле тие? Зошто се обидоа да ја скријат вистината со муабетот дека "веројатно е пролазена од нешто?!"

Во меѓувреме, педагогот на градинката, инаку во моментот на дигање телефон веќе добро запознаена со случајот, како од пушка ни кажа дека воспитувачките се оградуваат од било каква одговорност, и рекле дека детето било така донесено сабајлето (?!). Како воопшто таа знае за случајот, ако таму ништо не се случило? Вработените во градинката, секако, се штитат меѓу себе.

После сѐ ова, револтот е голем и случајот сакаме да го истераме до крај, па секој правен совет од било кој тип би ни бил добредојден.

П.С. текстов веројатно има многу пропусти, го пишувам после 6 часовна голгота. Лута за што сѐ можело да биде, и благодарна што овој пат сме имале среќа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.