Почетна » Новости » Животни стории » Мајка ги посвои четирите ќерки на својата најдобра пријателка која умре од рак

Мајка ги посвои четирите ќерки на својата најдобра пријателка која умре од рак

Мајка си го одржа ветувањето и ги посвои четирите ќерки на својата најдобра пријателка откако таа почина од рак.

Лора Руфино и Елизабет Дајмонд биле пријателки од петто одделение. Во август минатата година, Елизабет добила страшна вест – рак на мозокот во четврти стадиум. Како самохрана мајка на четири девојчиња, таа имала големи стравови за иднината на своите најмили. Во тие моменти, таа ја замолила својата пријателка Лора да продолжи да се грижи за девојчињата ако не успее да ја победи болеста.

Елизабет со своите ќеркиЕлизабет со своите ќерки

„Таа ми рече: Ако некогаш ми се случи нешто, сакам да ги земеш моите девојчиња. Јас веднаш се согласив“ – изјавила Лора.

Неколку месеци подоцна, се случило најлошото. Во април Елизабет ја изгубила битката со ракот.

Лора и нејзиниот сопруг Рико, кои имаат уште две ќерки, веднаш ги отвориле вратите на својот дом и ги посвоиле девојчињата.

Лора и Рико со шесте девојчињаЛора и Рико со шесте девојчиња

Добрината на парот ја разбудила хуманоста на многумина. Досега се донирани над 40.000 долари за да му се помогне финансиски на осумчленото семејство.

Лора и Рико со шесте девојчиња

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10610 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.