Почетна » Новости » Животни стории » Мало девојче кое го изгуби целото семејство во пожар посака за Божиќ само честитки, доби љубов од целиот свет

Мало девојче кое го изгуби целото семејство во пожар посака за Божиќ само честитки, доби љубов од целиот свет

Скромна желба на мало девојче предизвика лавина од љубов од целиот свет. Сефајр Тери во изминатиов период има изгубено многу, но за Божиќ посака малку – честитки за својата елка. Илјадници лица се обединија од идејата да ѝ ја исполнат желбата.

Сефајр Тери

Пред две и пол години некој подметнал пожар во куќата на семејството Тери. Огнените јазици им ги одзеле животите на таткото, братот и двете мали сестри на Сефајр. Пожарникарите го пронашле малото девојче во рацете на таткото, кој херојски со своето тело се обидел да го заштити. Таа родителска постапка ѝ го спасила животот на Сефајр, која имала страшни изгореници на 75% од телото.

Сефајр Тери Сефајр Тери Сефајр Тери Сефајр ТериСефајр пред трагедијата

Досега Сефајр била подложена на над 50 операции, а ги изгубила и десната рака и левото стапало. И покрај сите мрачни моменти, таа продолжува да трча на нејзиниот долг пат на закрепнување.

Сефајр Тери Сефајр Тери

„Таа се буди секое утро со насмевка на лицето. Таа е вистинска дефиниција за надеж, верба и љубов“ – изјавила Лиз Долдер, тетката со која сега живее Сефајр.

Сефајр Тери

Божиќната желба на храброто девојче стана реалност. Илјадници добродушни лица од целиот свет непрекинато испраќаат честитки и подароци до нејзиниот дом, а многумина донираа и парични средства за покривање на медицинските трошоци.

Сефајр Тери

Денес беше објавено и видео од Сефајр во кое таа им се заблагодари на сите кои издвоиле време за да ѝ ја исполнат празничната желба.

MANY MANY THANKS TO ALL OF YOU

Posted by Safyre Schenectady's Super Survivor on Wednesday, December 9, 2015

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.