Почетна » Новости » Животни стории » Македонец кој живее во Данска: „Не си играјте играчки, дремете по кафичи како ништо да не е“

Македонец кој живее во Данска: „Не си играјте играчки, дремете по кафичи како ништо да не е“

„Не си играјте играчки, дремете по кафичи ко ништо да не е“ – пишува Марјан Николовски кој моментално живее во Копенхаген.

Младото момче со потекло од Македонија советува да си ја сфатиме сериозно ситуацијата со новиот коронавирус и да не дозволиме бројката на заболени енормно да се зголеми како што беше случајот со Данска.

Копенхаген

Драги пријатели во Македонија! Значи не си играјте играчки од типот на: „како не, дома ќе седам; глупости нема корона кај нас; или млад сум, ништо не ми е..”

Така беше во Копенхаген само пред три дена. Секој се однесува како му одговара. Почна точно пред една недела со пациент нула, во викендот се качи на 35 заразени а денес е веќе над 600. Од синоќа Данска е во shut down! Од денес има нов закон дека полиција има право да интервенира на приватен простор, на домашни забави или собири ако има над 100 луѓе, цел јавен сектор е на две недели принуден одмор освен критичен персонал, сите приватни фирми ако можат да работат од дома! Принудни одмори! Барови, кина, и слично се затвора од овој викенд.. Сè е во стоп, за да се спречи.

Од овие слики што гледам од Скопје, дремете по кафичи ко ништо да не е, со децата во гужви по паркови, играчници и чуда...

Веќе Европа е епицентарот и од денес сите што имаат симптоми на настинка овде се смеаат за можна корона и не се тестираат него да седат дома. Само тие што имаат поголеми симптоми, проблеми со дишење и слично да се јават на телефон на лекар да бараат помош.

Не си играјте играчки... преку ноќ се шири ко ништо друго. Ако Данска ко една од најбогатите земји во свет со најдобра социјала нема способност да ги згрижи болните, што ќе се случи во Македонија ако се рашири, не би сакал да помислам.. Посебно за постарите генерации и другите болни.. Едноставно сите на две недели во само изолација и работа од дома по можност! Не се бутајте во гужви во маркети, автобуси или ресторани без потреба! Со лесно и со памет!!

Во Данска за само неколку дена се појавија 785 случаи на заболени со КОВИД-19.

Вчера по социјалните мрежи се рашири фотографија од скопски кафич преполн со млади луѓе. Ваквите фотографии веројатно го поттикнаа Марјан да го напише својот текст.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10282 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.