Почетна » Новости » Животни стории » Контроверзно видео: 6-месечно бебе само се обидува да плива во базен

Контроверзно видео: 6-месечно бебе само се обидува да плива во базен

Мајка доби купишта критики откако објави видео во кое нејзиното 6-месечно бебенце се обидува да плива во базен без помош на возрасна личност.

Контроверзното видео стана огромен хит и многумина со остри зборови ја навредуваа мајката за нејзината одлука да користи толку екстремен метод.

На снимката, бебето Џоси седи на скалила од базен и е намамено да посегне доволно далеку за да се преврти со главата во длабоката вода. Потоа е препуштено само на себе за да остане на површината на водата.

Видео

По големата врева која се крена околу видеото, мајката Кери Морисон објасни дека е решена да ја научи својата мала ќерка да плива на толку рана возраст, бидејќи пред три години нејзиниот 2-годишен син Џејк се удавил.

„Гледате 6-месечно бебе како седи на скалите и си игра, што може да биде реална ситуација. Таа паѓа, се превртува, се спасува себеси и плови подолго од минута и половина. Не гледам ништо негативно во тоа“ – изјавила Кери и раскажала дека нејзиниот син за време на патување во Орландо се искрадил од куќата во која престојувале, паднал од пристаниште и трагично го изгубил животот.

Кери со малата ќерка ЏосиКери со малата ќерка Џоси

Малата Џоси добива лекции за самоспасување од инструкторка. Техниката се нарекува Infant Swimming Resource (ISR) и ги учи малите деца и бебиња над 6 месеци како да се спасат себеси во вода. Родителите и децата посетуваат десетминутни лекции 5 пати неделно.

Џејк кој прерано почина во 2013 годинаЏејк кој прерано почина во 2013 година

„Посакувам да можам да се вратам назад во времето и да му ги предадам тие лекции на син ми. Сигурна сум дека во тој случај тој ќе беше тука. Како родител, јас се чувствувам како да го изневерив син ми. Сега сум решена тоа да не се случи со мојата ќерка“ – додала таа.

По смртта на малиот Џејк, Кери и нејзиниот сопруг ја основаа фондацијата „Live Like Jake“, која ја подигнува свеста за превенција од давење.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.