Почетна » Новости » Животни стории » „Кога ни ја соопштија дијагнозата, плачев 10 часа“: Татко раскажа колку синот со Даунов синдром му го променил животот

„Кога ни ја соопштија дијагнозата, плачев 10 часа“: Татко раскажа колку синот со Даунов синдром му го променил животот

Татко со емотивен текст раскажа колку многу му се променил животот откако дознал дека син му има Даунов синдром непосредно по неговото раѓање.

Бу Брукс отворено сподели како се чувствувал во првите часови по добивањето на дијагнозата и дека не сакал да го види и допре новородениот син. Но, сега, неговиот начин на размислување е сосема поразличен и тој е полн со љубов кон малиот Спенсер.

Спенсер

Со години наназад бев опкружен со женски – жена ми, двете ќерки, дури и моето куче. Но, тогаш одлучивме да имаме уште едно бебе... и еден ултразвук подоцна, јас имав МОМЧЕ!

Момче со кое ќе фрламе топка. Момче кое ќе го водам на лов и риболов. Момче со кое ќе избегам од драмите на две мали девојчиња. Момче кое ќе го носи моето име. Момче кое ќе го носи моето презиме. Момче за кое ќе навивам на бејзбол натпревари, фудбалски натпревари и што друго и да прави. Можеби дури и ќе биде следниот all-star квотербек или бејзбол играч. Долго време сонував да добијам син. И сонот требаше да ми се оствари... на 18 ноември 2015 година.

Но, кога дојде 18 ноември, тој син за кој сонував, никогаш не се појави.

Кога се роди син ми, слушнав „типичен“ бебешки плач. Сè беше нормално. Слушнав дека докторот рече дека е многу мал, но мене не ми беше гајле, тој дефинитивно беше момче и јас станав за да се уверам во тоа. Откако го исчистија, сестрата дојде да ни ја покаже нашата нова радост и рече дека не ѝ се допаѓа неговиот „тонус“ и дека тој е многу „овиснат“. Го одведе надвор од родилната сала за да го прегледа.

Спенсер

Бев збунет. Кога ми се родија двете ќерки, можев да ги одведам надвор од операционата сала и да му ги покажам на семејството. Немав никаква претстава што значи „тонус“ и „овиснат“. Да, бев малку загрижен, како што би бил и секој друг, но ништо не ме предупредуваше дека нешто не е во ред.

Излегов од операционата сала и ги видов мајка ми и мајката на мојата сопруга. Но, лицето на мајка ми беше загрижено, не беше радосно. Веднаш ми рече: „Дали има Даунов синдром?“ Што? Не. Таа мисла никогаш не ми помина низ главата. Тој беше моето мало МАЖЕ! Само го одведоа на рутински прегледи. (Јас не знаев дека сестрата застанала по патот за тие да го видат, а мојата мајка видела нешто различно во неговите очи.)

Од тој момент натаму, бев вознемирен. Сè е во ред со мојот син. Зошто ми го рече тоа? Отидов кај докторот барајќи охрабрување. Стоев покрај стаклото, но не можев да си ги задржам солзите. Помислата дека нешто не е во ред со син ми ме уништуваше.

Мојот сон. Моето момче.

Спенсер

Конечно се вратив во болничката соба да ја видам мојата сопруга. Бев вознемирен, но се надевав... Тогаш, некој чукна на вратата.

Докторот влезе во собата, со чуден израз на лицето и ни рече: „Тој има Даунов синдром“.

СЕ ИЗГУБИВ. Бев неутешен. Викав и плачев. Бев лут. Бев збунет. Но, најмногу бев уплашен. Во мојот сон немаше Даунов синдром. Започнав да мислам колку потежок ќе ни биде животот – дополнителните трошоци, стрес и време кои ги носи грижата за дете со посебни потреби. Тој ќе живее со нас засекогаш. Дури ја прашав жена ми дали да го крстиме некако поинаку наместо Бу Спенсер Брукс Џуниор.

Повеќе немав син со кого ќе можам да фрлам топка, син кој ќе го носам на лов и риболов, син кој ќе биде all-star квотербек... Наместо тоа, имав дете кое ќе го комплицира нашиот живот и ќе ги отежнува нештата... И чувствував огромна вина што ги имам овие чувства.

Дијагнозата ни беше соопштена во 10 часот наутро, а јас плачев цели 10 часа без прекин. Не сакав да видам никого, не сакав да разговарам со никого. Не сакав да имам ништо со мојот нов син. Одбивав да го допрам или да го држам. Не сакав дури ни да го видам. Никој не можеше да ме утеши. Никогаш не сум се чувствувал толку изгубено и осамено во мојот живот. Чувството кое ми го обземаше телото беше парализирачко и не поминуваше. Чувствував вина, вина што не можам да бидам силен за жена ми, вина што го чувствував тие чувства. Тоа беше најужасното чувство во животот.

Во еден момент во текот на денот, добив порака од пријател чиј син има Даунов синдром. Ми рече дека ако ми треба бегство или разговор, да му се јавам. Ми испрати и фотографија од него и од неговиот син за време на вечера и ми напиша: „Не можам да си го замислам животот без Буба“.

Се сретнав со него таа вечер. Ме погледна од другиот крај на масата и ми рече: „Мораш да ја прежалиш загубата на детето кое мислеше дека ќе го имаш. Мораш да прежалиш дека син ти нема да биде all-star квотербек на рагби тим. Во ред е да се чувствуваш виновно. Мораш да поминеш низ сите тие емоции пред вистински да започнеш да го цениш дарот што ти е даден.“

Во тој момент сфатив дека морам да тажам пред да можам да сакам повторно.

Се вратив во болницата околу 9.30 вечерта со многу поразличен начин на размислување. Конечно бев подготвен да го прифатам фактот дека син ми има Даунов синдром. Конечно можев да го допрам и да го подржам. Конечно можев да сфатам дека сè ќе биде во ред. Дека тој сè уште ми е син и дека го сакам.

Спенсер Спенсер

Знам дека ќе има тешки времиња во текот на неговиот живот. Но, го прифаќам предизвикот. Тој „дар“ за кој зборуваше мојот пријател на денот кога се роди син ми... е вистински. Спенсер ни донесе само радост во нашите животи. Ни ја зближи фамилијата, ме направи потрпелив и ме исполни со сочувство и разбирање.

Ми покажа што е важно во животот. Тој ме инспирира да правам големи нешта. Ги претвора моите лоши денови во добри денови. Ми даде живот кој никогаш не можев да го замислам. Ми покажа љубов која не ни знаев дека постои. Ме инспирираше да ја основам организацијата Upside Downs и да создадам YouTube канал. Секој ден му се заблагодарувам на Бог што ми го даде дарот Спенсер и што ми го претстави светот на Дауновиот синдром.

Спенсер

Па, сакам да му кажам на мојот син, на оној што не сакав да го држам во првите 12 часа од животот, дека навистина ми е жал. Жалам што не го славев твојот живот и што не направив милион фотографии тој ден. Жалам што те изневерив. Жалам што ги пропуштив тие скапоцени часови со тебе. Жалам што не ти ја дадов љубовта и приврзаноста кои ти беа потребни и заслужени. Те молам прости ми. Никогаш не замислував дека ќе чувствувам ваква љубов каква што чувствувам кон тебе.

Ти ветувам дека не постои друга личност на овој свет која ќе се бори посилно за тебе од мене. Ќе бидам покрај тебе на секој чекор од твојот пат. Никогаш нема да се откажам. Нема да те ограничувам. Ќе одиш на лов и риболов со мене. Ќе фрлаш топка со мене. Ќе спортуваш. Ќе постигнеш сè што ќе посакаш. Ќе бидеш Спенсер, а не дијагноза. И ќе продолжиш да нè учиш сите нас дека сè е возможно со Даунов синдром. ТЕ САКАМ!

А сега, ајде заедно да сонуваме големи соништа!

Спенсер Спенсер Спенсер Спенсер Спенсер Спенсер Спенсер Спенсер Спенсер Спенсер Спенсер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.