Почетна » Новости » Животни стории » Илјадници луѓе бараат оваа ПРЕСЛАБА девојка да се повлече од социјалните мрежи, бидејќи „промовира анорексија“

Илјадници луѓе бараат оваа ПРЕСЛАБА девојка да се повлече од социјалните мрежи, бидејќи „промовира анорексија“

Кога ќе ги разгледате фотографиите на Јуџинија Куни, ќе ви стане јасно зошто илјадници луѓе се обидуваат да ја убедат да се повлече од социјалните мрежи и да побара помош.

Преслабата девојка секојдневно добива критики за нездраво слабото тело, а многумина се убедени дека со нејзините фотографии и видеа таа има лошо влијание врз младите девојки и промовира анорексија.

Јуџинија Куни Јуџинија Куни Јуџинија Куни Јуџинија Куни

Зачудувачки е како Куни има огромен број следбеници – над 900.000 на YouTube и 450.000 на Instagram.

Над десет илјади лица потпишаа петиција со која се бара привремено да ѝ биде забранет пристапот на YouTube и да побара медицинска помош. Една од личностите кои ја потпишаа петицијата напиша дека нејзината 12-годишна братучетка завршила на болница, бидејќи се изгладнувала себеси за да изгледа како Куни. „Мојата мала братучетка ослабе 7 килограми, зашто сакаше да личи на Јуџинија. Моментално е на медицинска нега. Таа има само 12 години“ – пишува таа.

Јуџинија Куни Јуџинија Куни

22-годишната Куни негира дека има нарушување во исхраната и во своја одбрана вели дека не ги поттикнува нејзините фанови да се стремат кон слаб изглед.

„Никогаш не би рекла некому да слабее или дека треба да го промени изгледот или да изгледа како мене. Никогаш не би му рекла така, затоа што мислам дека секој треба да биде себеси и да го прави она што го усреќува и да биде среќен со себе“ – вели Куни.

Јуџинија Куни Јуџинија Куни

Сепак, кон неа непрекинато стигнуваат молби да ги напушти социјалните мрежи и да се посвети на здравјето за нејзината приказна да не заврши трагично.

Јуџинија Куни Јуџинија Куни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.