Почетна » Новости » Животни стории » Изгладнувано сираче од Бугарија успеа да преживее откако беше посвоено од мајка во САД

Изгладнувано сираче од Бугарија успеа да преживее откако беше посвоено од мајка во САД

Седумгодишно момче од Бугарија кое тежело само 3,5 килограми напредува со зачудувачка брзина откако било посвоено од грижлива жена од САД. Детенцето било изгладнувано во текот на целиот свој живот, а како последница на малнутриција, било прекриено со влакна по целото тело.

Рајан Рајан Рајан Рајан Рајан

И покрај заложбите на вработените во сиропиталиштето кадешто се наоѓало, момчето било на работ на смртта пред да биде посвоено.

Неговата нова мајка Присила Морс од Тенеси, САД, го видела малото момче на фотографии објавени на Facebook и знаела дека мора да ги земе нештата во свои раце.

„Го посвоивме нашето прво дете пред четири години, а и јас сум посвоена. Кога ја видов фотографијата од Рајан во сиропиталиштето, се сетив на мојот брат кој имаше слични потреби и на грижата која му беше потребна пред смртта. Го молев мојот сопруг да го посвоиме на неколку месеци, едноставно за да се грижам за него“ – објаснила Морс.

Рајан Рајан

Присила отишла двапати во Бургас, Бугарија, пред да го заврши процесот на посвојување и да го одведе малиот Рајан во својот дом. Тоа било во октомври минатата година.

„Тоа е убава земја, но ги немаат потребните средства за да се грижат за децата. Прават сè што можат. Нему му беше потребна само туба за хранење. Го убиваше гладот. Кога го видов првпат, првото нешто кое ми помина низ глава беше дека ќе умре. Беше шокантно, фотографиите не ја прикажуваат реланоста. Изгледаше дури помало во живо. Поболно и покршливо. Мојот показалец беше со иста големина колку неговото бедро“ – со овие зборови Присила ја опишува состојбата на Рајан кога првпат го видела.

Присила и сопругот го одвеле малото детенце директно во болница во Америка. „Докторите исто така немаа видено нешто слично. Не мислеа дека ќе преживее. Потребни беа месеци тренирање за неговото тело да прифати храна“ – рекла Морс.

За само 13 месеци, Рајан ја покачи својата тежина за речиси 7 килограми и сега е среќно и весело дете, кое живее со луѓе кои го сакаат.

Рајан Рајан Рајан Рајан Рајан

„Тој е најсреќното дете кое некогаш сум го видела, се буди и си легнува среќен, многу ретко плаче. Нашите деца го обожаваат, тој е бебето во семејството“ – рекла Присила, која има уште три други деца.

Рајан Рајан Рајан Рајан Рајан

Таа сака да поттикне што повеќе лица да посвојуваат деца и да не ги изоставуваат оние со посебни потреби. „Тешко е, мора да имате смисла за црн хумор. Ако не се смеете, нема да успеете. Но, овие деца вредат“ – додава таа.

Рајан Рајан Рајан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.