Почетна » Новости » Животни стории » Идентични близначки кои беа бремени истовремено се породија на ист ден, во иста болница, со ист доктор

Идентични близначки кои беа бремени истовремено се породија на ист ден, во иста болница, со ист доктор

Идентични близначки, кои забремениле во ист период, ги родија своите бебиња во истата болница, со истиот доктор, само три часа една по друга.

Нивните фотосесии од бременоста и по породувањето ја доловуваат нивната специјална врска.

Не, не гледате двојно, ова се фотографиите на двете сестри-близначки.

Близначки Близначки Близначки Близначки Близначки Близначки Близначки Близначки

Џејлин Крафорд и Џанел Леополдо отсекогаш биле премногу приврзани и сонувале да основаат семејства заедно, да бидат бремени во исто време и нивните деца да бидат поврзани како нив.

Во текст за „Love What Matters“ Џејлин ја раскажала својата животна приказна:

Не можете да разберете како е да се биде близнак освен ако не сте и вие самите. Поврзаноста е толку силна што едниот може да почувствува што чувствува другиот и обратно. Бевме неразделни додека растевме. Секој ден се облекувавме исто, имавме иста кола и телефон, исти пријатели... Бевме како лепенки. Учителите им препорачуваа на нашите родители да нè разделат во различни одделенија, а ние ќе плачевме само на помислата да бидеме далеку една од друга. Нашата мајка немаше срце да ја наруши врската меѓу нас и благодарни сме што нè остави во ист клас.

Во средно, напишав есеј за тоа како еден ден ќе живееме блиску една со друга, а нашите куќи ќе бидат поврзани со мост, дека ќе се омажиме за близнаци (што не се случи), дека ќе имаме бебиња заедно и заедно ќе ги шириме нашите семејства. Отсекогаш посакувавме нашите деца да бидат поврзани на сличен начин како нашиот.

Близначки Близначки

Јас се омажив во 2011 година и веднаш забременив. Сестра ми се омажи по година и пол, но одлучи да почека една година пред да забремени. Кратко по раѓањето на мојата втора ќерка Џејдин, Џанел дозна дека е бремена со нејзиниот прв син Џерик. Чудно е што две недели подоцна јас дознав дека сум бремена со моето трето дете.

По раѓањето на првиот син, Џанел се соочила со секундарна неплодност. По неколкумесечни обиди да забремени, нејзе ѝ бил дијагностициран Синдром на полицистични јајници. Иако забременила по два месеци, нејзината бременост била ектопична поради што го изгубила едниот јајцевод.

Докторите ѝ препорачале на Џанел да се обиде со ин витро оплодување, по што и двете сестри минале низ спонтан абортус.

Во тој тежок период, нашата врска уште повеќе се зацврсти. Се потпревме една на друга и секојдневно се молевме.

По неколку месеци, нашите молитви беа слушнати и тајмингот беше одличен. Дознав дека сум бремена со моето четврто дете. Истовремено бев возбудена и нервозна поради тоа што требаше да ѝ ја соопштам веста на сестра ми, која имаше проблеми со забременувањето. Четири дена подоцна, таа ми се јави и ми кажа дека е бремена и пролеавме солзи-радосници! Тој момент беше многу специјален за нас. Не само што бевме бремени заедно, туку бевме во ист гестациски период. Беше подобро одошто замислувавме. Од тој момент, јас се шегував дека можеби ќе ги родиме заедно нашите бебиња.

Како што наближуваше крајот на нашата бременост, нашите соништа да ги родиме нашите синови на ист ден, стануваа сè пореални.

Близначки Близначки Близначки Близначки Близначки Близначки Близначки

Бидејќи и двете сестри претходно се имаа породено со царски рез, докторите им препорачале да ги родат своите бебиња со царски рез. Тие родија здрави бебиња во 39. недела од бременоста.

Ги родивме нашите бебиња на ист ден, во иста болница, на двете ни беше направен царски рез од истиот доктор, во период од три часа. 28 јуни 2018 година засекогаш ќе биде специјален ден за нас кога ќе ги славиме родендените на нашите синови.

Со нетрпение чекаме нашите синови да пораснат заедно и се надеваме дека ќе имаат врска како нашата. Шесте деца во нашите две фамилии веќе се многу блиски. Секојпат кога се разделуваме, тие прашуваат кога ќе се видат следно. Благословени сме! Семејството е број еден во нашите домови. Целото ова искуство беше магично и остварување на нашите соништа!

Близначки Близначки Близначки Близначки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11120 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.