Почетна » Новости » Животни стории » Ѝ рекле дека нема матка и дека не може да има деца, а стана мајка на близначиња

Ѝ рекле дека нема матка и дека не може да има деца, а стана мајка на близначиња

Жена, која на 19-годишна возраст ја добила најлошата вест дека никогаш нема да има свои деца, стана мајка на две близначки.

Хејли Хејнс

Хејли Хејнс во пубертетот била на рутински гинеколошки преглед поради отсуство на менструација кога докторите ѝ соопштиле дека е родена без матка, јајници и јајцеводи и дека никогаш нема да може да зачне. Откако биле направени дополнителни анализи, ѝ било соопштено и дека има XY хромозоми, што генетски би значело дека таа е машко.

„Кога ми кажаа дека немам матка, бев многу збунета и ми се слоши. Мојот најголем страв беше дека никогаш нема да имам деца. Одеднаш почувствував дека недостига огромен дел од мојот живот. Се чувствував како половина жена и бев засрамена“ – изјавила таа за The Daily Mirror.

Хејли на почетокот мислела дека ниту еден маж не би сакал да биде со неа, но љубовните грижи не траеле долго време, бидејќи набрзо започнала врска со својот пријател од детството Сем, кому не му пречела нејзината состојба. Тие започнале заедничко патување кое ги довело до зацртаната цел – да станат родители.

Хејли и Сем со близначките Сем со близначките

Првата надеж дека парот ќе може да има свои деца се појавила во 2007 година, кога специјалист открил кај Хејли минијатурна матка, која не била забележана на претходните прегледи.

28-годишните сопружници потрошиле половина од својата заштеда или 16.000 долари за со помош на хормонска терапија, донирани јајце клетки и ин витро постапка да ги добијат посакуваните две линии на тестот за бременост.

„Бев толку нервозна. Имавме само една шанса и не можевме да си дозволиме да поминеме низ сето тоа повторно. Очајно сакав да станам мајка“ – објаснила Хејли.

Хејли во бременоста

Најголемата радост за Хејли дошла на прегледот во шестата недела од бременоста, кога ѝ било соопштено дека носи близнаци. „Не можев да поверувам. Бев возбудена, но и на седмо небо во исто време. Добив шанса да имам комплетно семејство“ – раскажала таа.

Ехо снимка од близначките

Близначките Ејвери и Дарси се родени на Бадник, а тоа бил и најубавиот момент од животот на Хејли. „Моментот кога станав мајка беше најневеројатниот миг од мојот живот. Кога за првпат ги држев своите бебиња во рацете, бев преплавена со позитивни чувства“ – признала таа.

Хејли и Сем со близначките Хејли и Сем со близначките

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.