Почетна » Новости » Животни стории » За 49-годишнината и подарил по 1$ за секој ден поминат во брак

За 49-годишнината и подарил по 1$ за секој ден поминат во брак

На денот на 49-годишнината од бракот, Артур Шумахер ја замолил својата сопруга да седне и да ги затвори очите. Кога ги отворила, била опкружена со 150 купчиња со банкноти од 1 долар.

Артур ѝ објаснил на неговата сакана Џанет дека има вкупно 17 885 долари, по еден за секој ден од нивниот брак.

„Сфатив дека вредиш по еден долар дневно. Ги заборавив престапните години. Па, претпоставувам дека ти сум должник“ – ѝ рекол тој.

Артур и ЏанетАртур и Џанет со парите од подарокот

На 70-годишниот Американец му бил потребен цел ден и патување до неколку банки за да ги собере потребните банкноти. Тој изјавил дека тоа е само симболичен гест и скромна исплата за љубовта и поддршката од неговата жена во текот на скоро половина век.

Џанет и Артур се пресреќни што денес се заедно, особено затоа што Артур се бори со рак на плунковните жлезди.

Пред пет години кај него бил дијагностициран рак и докторите му кажале дека нема да живее повеќе од 2 години. Минатата година му кажале дека му остануваат само 2 месеци. Но, и покрај мрачните прогнози, Артур се изборил за ден повеќе покрај својата жена.

„Таа е вистинско охрабрување за мене и секогаш се грижи да правам сè што ќе кажат докторите. Секогаш кога ќе одам на доктор, тој ми вели дека го зачудувам“ – изјавил Арт.

Артур и Џанет ја започнале својата врска во декември 1958 година, кога излегле на состанок на слепо.

„Првиот пат кога ја видов, си помислив колку е убава, си помислив дека е прекрасна“ – заљубено раскажал Артур за AbcNews.

Романсата продолжила и откако Артур заминал во војска во Германија. Стапиле во брак додека Артур бил вратен на посета, а по отслужувањето на воениот рок заминале на меден месец. Двајцата воделе многу бурен живот и многу се забавувале.

„Што и да кажете, ние го имаме направено. Се тркавме со автомобили на различни патеки во Јужна Дакота. Правевме многу луди нешта и се забавувавме лудо“ – изјавил Артур.

Среќниот пар израснал три деца, а сега има и три внучиња. Тие сè уште имаат исто толку многу љубов еден за друг колку што имале кога стапиле во брак. Со парите од подарокот би сакале да одат на крстарење.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11147 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.