Почетна » Новости » Животни стории » Живеат во беда: Да помогнеме да се промени тажната судбина на сиромашното семејство Додевски од Скопје

Живеат во беда: Да помогнеме да се промени тажната судбина на сиромашното семејство Додевски од Скопје

Никој не заслужува да преживува наместо да живее или да се измачува во тешки околности. Сепак, реалноста не е сјајна и околу нас има многу семејства на кои очајно им е потребна помош.

Семејството Додевски од скопската населба Драчево секојдневно се бори за пристоен живот.

Живот во сиромаштија

Петчленото семејството живее во стан на државата, за кој плаќа минимална кирија. Излишно е да се каже дека условите се ужасно лоши. Ѕидовите се прекриени со влага и мувла, а имаат на располагање само една спална соба во која спијат сите заедно. Мебелот е пред распаѓање, а низ домот можат да се видат лебарки и други инсекти.

Семејството Додевски Семејството Додевски

Таткото работи за да им овозможи барем скромен живот на најмилите, додека мајката е спречена да работи, бидејќи боледува од леукемија.

Девојчињата се на возраст од 3, 9 и 11 години. Ним им недостига училиштен прибор, како и облека и обувки.

Семејството Додевски Семејството Додевски

Апел за помош

Волонтери на Црвениот Крст ги насочија своите напори да му помогнат на семејството. Тимот составен од Дора Симоновска, Мира Милеска, Ивана Димова, Марко Груевски и Магдалена Бојковска е решен да ја промени судбината на семејството.

Како да помогнете?

Со цел да му ги подобрат условите за живот на семејството, волонтерите од Црвен Крст организираат низа активности:

  • Продавање на рачни изработки за Денот на жената (8ми март) пред ТЦ Бисер.
  • Хуманитарен концерт во Дом на АРМ на 12 март. Под мотото „Во потрага по изгубените насмевки“, во концертот ќе земат учество ансамблите за народни песни и ора Кочо Рацин, Орце Николов, Глигор Прличев, Никола Јанков-Вапцаров и Китка. Картите за концертот ќе бидат со цена од 100 денари, а со цел да се соберат што е можно повеќе донации, истите ќе може да се купат и на влезот на денот на концертот.

Покрај овие акции, се бараат хумани луѓе кои на каков било начин можат да му помогнат на семејството. СЕКОЈА ДОНАЦИЈА Е ВАЖНА!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.