Почетна » Новости » Животни стории » Жена херој спасила девојче што паднало од десетти кат

Жена херој спасила девојче што паднало од десетти кат

Кинескиња беше прогласена за херој, откако го ризикуваше својот живот за да спаси мало девојче кое паднало од прозорец од 10-ти кат.

31-годишната Ву Џупинг, кога видела мало девојче качено на прозорец, не мислејќи за себе истрчала со испружени раце за да го фати. Ву, која е мајка на седуммесечно бебе, е прогласена за херој од кинеските медиуми.

Мајката стои над малата Ниу НиуМајката стои над малата Ниу Ниу

Инцидентот се случил во источна Кина, кога 2-годишното девојче било оставено само во станот. Бабата на девојчето требала да го надгледува, но таа за кратко излегла од домот. Соседите го здогледале девојчето како виси на прозорецот, а меѓу минувачите кои го забележале била и Ву.

Зградата од којашто паднало малото девојчеЗградата од којашто паднало малото девојче

Ву раскажала дека кога го здогледала девојчето веднаш помислила на своето 7-месечно бебе кои еднаш паднало од висок стол и си ја расекло устата. „Си помислив: Треба да ги испружам рацете кон неа. Затоа што сум тука, морам да ја фатам. Тогаш успеав, ја фатив во рацете“ – раскажала Ву, која поради силниот удар од падот завршила со скршена рака.

Ву во болничкиот креветХероината Ву во болничкиот кревет

Девојчето во моментов е во болница со внатрешни повреди и сè уште е во критична состојба.

Откако слушнал за херојската постапка на Ву, докторот Јин Денгенг понудил бесплатно да ја лекува, објаснувајќи дека храбрата мајка можела да заврши со трајни или во најлош случај со фатални повреди. „Таа можеше да умре или да остане парализирана за цел живот ако детето ѝ паднеше на главата или на грбот“ – изјавил тој.

Поради повредите, Ву изјавила дека ќе биде принудена порано да прекине со доењето на своето бебе, но ниту во еден момент не зажалила за својата постапка.

„Не жалам за ништо што се случи. Само се надевам дека Ниу Ниу ќе оздрави“ – објаснила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.