Почетна » Новости » Животни стории » Жена роди бебе тешко 4,5 кг еден час откако дозна дека е бремена

Жена роди бебе тешко 4,5 кг еден час откако дозна дека е бремена

Кетрин Кропас го доби најголемото изненадување во животот. 23-годишната Американка родила девојче само еден час откако дознала дека е бремена.

Едно утро Кропас се разбудила со екстремно силни болки во долниот дел од грбот. На почетокот докторите не можеле да ја утврдат причината за нејзините болки, но откако ѝ направиле ултразвук, таа веднаш била пренесена во родилна сала, каде набрзо родила со царски рез.

„Дознав дека носам бебе во 22.15 часот. Таа се роди во 23.06“ – изјавила изненадената мајка.

Кетрин со малата ќеркаКетрин со малата ќерка

Бебето било изненадување за целото семејство, затоа што Кетрин не воочила симптоми на бременост, земала таблети за контрацепција и имала прилично редовен менструален циклус.

Во последно време таа забележала зголемување на телесната тежина, но сметала дека дополнителните килограми се резултат на празничните гозби. Исто така, Кетрин забележала дека стапалата и глуждовите ѝ се отечени повеќе од обично, но претпоставувала дека причина за тоа е долгото стоење на работното место.

Бабата на Кетрин изјавила дека била шокирана од веста. „Не можев да поверувам, а живеам со неа. Како жена, не забележав никакви знаци“ – рекла таа.

Иако честопати луѓето се смеат и со неверување гледаат на приказните за „ненадејно породување“, докторите од болницата каде Кропас ја родила својата ќерка тврдат дека секоја година носат на свет по 1-2 неочекувани бебиња.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11191 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.