Почетна » Новости » Животни стории » Жена посвои три братчиња сирачиња кои биле брутално тепани во минатото и им даде прекрасен дом

Жена посвои три братчиња сирачиња кои биле брутално тепани во минатото и им даде прекрасен дом

Жена посвои три братчиња кои биле брутално тепани и напуштени во сиропиталиште. Таа дава сè од себе за им ги излечи раните и да им обезбеди дом во кој ќе се чувствуваат заштитени.

Ејми Полард секојдневно инспирира луѓе да ги следат своите соништа, раскажувајќи ја својата приказна за надежта, љубовта и смелоста. Иако никогаш не замислувала дека ќе има деца, таа сега е самохрана мајка на три сина.

Ејми Полард Ејми Полард

Патот кон посвојување за Ејми започнал кога добила повик за згрижување на мало момче, кое честопати го посетувала во сиропиталиште. Претходно, таа ја немала потребната дозвола за згрижување деца, па морала да се задоволи со посетите на домот за деца. Колку почесто го посетувала малиот Џереми, толку потешко ѝ било да го остава таму.

Ејми Полард

Ми стана ненормално тешко да го оставам таму, бидејќи тој ми се обесуваше на ногата и ме молеше да го земам дома. Ќе го земев ако имав дозвола за тоа. Откако ќе заминев, одев дома и плачев, молејќи го Господ да му пронајде семејство на тоа скапоцено момче. Но, јас бев одговорот на тие молитви. Јас бев негово семејство. Мене ми беше судено да му бидам мајка. Само што сè уште не знаев.

Неколку месеци откако добила дозвола за згрижување и посвојување, Ејми добила повик од социјален работник кој прашувал дали сака да го посвои Џереми. Иако таа никогаш немала намера да го посвои, туку само да го згрижи, без размислување рекла ДА.

Една недела подоцна, момчето се вселило во нејзиниот дом.

Ејми Полард Ејми Полард

Ќе лажам ако ви речам дека нештата понатаму беа како бајка. Всушност, се случи спротивното. Траумата на Џереми беше длабока. Знаете, имаше многу денови кога Џереми беше заклучуван во плакарот, оставен со надежта дека тој ден ќе добие храна или чаша вода. Имаше многу денови кога тој не беше сигурен дали ќе преживее зашто беше толку брутално тепан. Не знаев што да правам со целата таа траума. Сè што знаев да правам беше да го сакам. Да бидам достапна за него. Да слушам. Да го гушкам. Да бидам мајка. Деновите беа долги и тешки, понекогаш брутални. Многупати отсуствував од работа за да ги молам наставниците да бидат трпеливи со него. Честопати плачев дури да заспијам, чувствувајќи дека јас не сум онаа што му е потребна. Честопати ‘добронамерни’ лица ми кажуваа дека можеби ќе му биде подобро во семејство со татко.

Шест месеци подоцна, Ејми и Џереми започнале да ги посетуваат неговите двајца браќа во сиропиталиште. За време на една од посетите, едниот брат ја прашал дали ќе може да го посвои и него и да му биде мајка.

Ејми Полард

Плачев. Го гушкав. Останав без зборови. Не можев да му ветам на ова слатко момче дека ќе му бидам мајка, бидејќи немаше шанси да го земам него, а да го изоставам неговиот брат. А НЕМАШЕ ШАНСА да земам уште две деца. Никако.

Но, судбината имала други планови за Ејми и за помалку од една недела, таа си го променила мислењето и ги зела дома и другите две момчиња, Кендрик и Џејон.

Ејми Полард Ејми Полард Ејми Полард Ејми Полард

Официјално бев самохрана мајка на три момчиња. Добронамерни роднини уште еднаш ме потсетија колку сум луда и дека правам голема грешка. Некои дури излегоа од нашиот живот. И тоа е во ред. Знам дека е лудост, верувајте ми. Живеам сред целата таа лудост и не би го променила ова за ништо на светот.

Ејми уште еднаш морала да вложи напори за да им ја излекува траумата на малтретираните момчиња и да ја стекне нивната доверба. Нивните приказни ѝ го кршеле срцето.

Моето најмало момче, мојот кловн, душата на забавата, моето добродушно момче започна да си припомнува за деновите кога добиваше бокс во лицето затоа што зело кашкавал од фрижидерот. Нивните приказни секојпат ме кршеа исто како да ги слушам првпат.

Како што наближувал процесот на посвојување, така прашањата во главата на Ејми сè зголемувале и нејзините сомнежи дали ќе биде добра мајка растеле.

Никој не те учи како да сакаш дете кое никогаш не си планирала да го имаш. Не постои процес од пет чекори кој ќе ти гарантира дека твоите деца се чувствуваат сакано и ценето, или како да пораснеш совесни човечки суштества. И тоа е еден од моите најголеми стравови. Дали ги сакам доволно? Што кога ќе ме извадат од такт? Што кога ќе се дерам и викам и ќе се однесувам како луда, бидејќи понекогаш тоа е единствен начин за да ме слушнат?...

И покрај сите прашања и сомнежи, таа никогаш не се откажала од момчињата и пред една недела, го заврши процесот на посвојување. Сега, Ејми и законски е мајка на Џереми, Кендрик и Џејон.

Среќната жена им порачува на сите да не губат надеж, секогаш да ги следат своите соништа и да се потрудат да бидат нечиј благослов.

Ејми Полард Ејми Полард Ејми Полард

Не знам што е она што го чекате или што се надевате да добиете, но знајте дека не сте заборавени. Некој ве гледа и вашето време доаѓа. Или можеби денес сте како мене и ви треба потсетник дека сте доволни и дека сте токму онаму каде што треба да бидете. Ви ветувам дека не постои подобро место од газењето врз вашите најголеми стравови.

Ејми Полард

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9463 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.