Почетна » Новости » Животни стории » Жена позираше со невестинскиот фустан и урната со пепелта на саканиот за да испрати моќна порака

Жена позираше со невестинскиот фустан и урната со пепелта на саканиот за да испрати моќна порака

Жена сними фотосесија во својата венчаница со урната со пепелта на нејзиниот свршеник за да испрати важна порака.

Деби Герлах позираше за фотографиите на 11 ноември, денот кога требаше да стапи во брак со Ренди Зимерман, кој пред 9 месеци го загуби животот во сообраќајна несреќа со неговиот мотоцикл.

25-годишната Американка ја искористи виралната фотосесија за да апелира до сите шофери да внимаваат додека возат, да застануваат на знаците СТОП и особено да бидат претпазливи кога се во близина на мотоцикли.

Емотивниот текст ќе ви ги насолзи очите и можеби ќе ве поттикне да бидете пофокусирани додека управувате со вашиот автомобил:

Деби Герлах

Денешниот ден требаше да ми биде најсреќен во животот. Денес требаше да се омажам за мојот најдобар пријател. Требаше да се разбудам, да го облечам мојот невестински фустан и да зачекорам до олтарот кон мажот од моите соништа. Денес, пред нашите семејства и пријателите, јас и Ренди требаше уше еднаш да си кажеме колку многу се сакаме еден со друг, а потоа да ги кажеме нашите завети кои ќе беа свети за нас. Денешниот ден требаше да биде денот за кој сонував откако бев мала. Денес требаше да станам сопруга. Денес требаше да станам госпоѓа Зимерман...

Деби Герлах

... Но, денес се разбудив сама како и секој друг ден. Денес се разбудив повторно со скршено срце. Денес татко ми нема да ме испрати до олтарот. Денес нема да го видам изразот на лицето на Ренди кога за првпат ќе ме види во невестинскиот фустан, фустанот кој го криев од него зашто тој беше нетрпелив да го види. Денес нема да ги видам сите наши роднини и пријатели. Денес нема да се омажам за љубовта на мојот живот. Денес нема да имам сопруг...

... А тоа поради изборот на една личност која засекогаш ми го промени животот, изборот да НЕ ЗАСТАНЕ на знакот СТОП, да НЕ застане кога го виде мојот сопруг како доаѓа кон него со својот мотоцикл и наместо тоа се обиде да забрза по улицата.

Деби Герлах

Ренди го возеше својот мотоцикл на паузата од работа кога одлучи да намине до дома пред да се врати. Беше само две улици подалеку од нашиот дом кога тој маж не застана на знакот СТОП, му го пресече патот, предизвикувајќи судир кој го уби Ренди.

Ренди обожаваше да го вози својот мотоцикл и беше претпазлив шофер кој носеше заштитна опрема и шлем секогаш кога возеше. Не беше важно колку беше претпазлив Ренди кога колата му го пресече патот и му го одзеде неговиот живот и засекогаш го промени мојот живот и животите на нашите роднини и пријатели.

Деби Герлах

Ве молам, внимавајте на безбедноста на патиштата и ВНИМАВАЈТЕ на сè – мотоцикли, знаци и други возила. Нашите животи се премногу скапоцени за да ги изгубиме затоа што брзаме или сме расеани додека возиме.

Ве преколнувам сите кои го читате ова, ВНИМАВАЈТЕ НА МОТОЦИКЛИТЕ, застанувајте на СТОП знаци и возете со внимание, бидејќи никогаш не знаете чиј свет се наоѓа на тој мотоцикл. Можеби ако таа личност застанеше, јас ќе стапев во брак со мојот Ренди, со мојот најдобар другар, со љубовта на мојот живот.

Те сакам Ренди Зимерман.

Засекогаш, како што си ветивме.

Бакнежи и прегратки, твојата принцеза!

Деби Герлах Деби Герлах Деби Герлах

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11121 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.