Почетна » Новости » Животни стории » Жена го износи и роди бебето на најдобрата пријателка која минала низ 9 инвитра и 6 спонтани абортуси

Жена го износи и роди бебето на најдобрата пријателка која минала низ 9 инвитра и 6 спонтани абортуси

Нова мајка ја сподели својата животна приказна со светот за да ѝ се заблагодари на својата најдобра пријателка која го износи и роди нејзиното бебе.

„Никогаш нема да можам да ѝ се оддолжам на Рејчел за најголемиот подарок кој може да се добие“ – вели Ерин Болховер, која со нејзиниот сопруг 6 години се бореше со неплодност, имаше 9 неуспешни инвитра и 6 спонтани абортуси.

Ерин сподели фотографии од емотивниот пораѓај кога нејзината пријателка ја донесе на свет малата Скоти.

Ерин Болховер Ерин Болховер

Еве ја нејзината сторија, која нема да ве остави рамнодушни:

Стапивме во брак во октомври 2012 година и знаевме дека не сакаме да чекаме за да основаме семејство. Но, тоа чекање се покажа како многу подолго одошто некогаш очекувавме. По 9 инвитро трансфери со 15 ембриони, 5 пункции за извлекување јајце клетки и 6 спонтани абортуси, мојата најдобра пријателка ми понуди да биде наша сурогат-мајка. Тоа беше најдобродушната понуда која некогаш сме ја добиле.

Префрливме 2 ембриони во Рејчел во јануари и откривме дека го очекуваме нашето бебенце во септември 2018 година. Никогаш не ни помислував дека таа ќе се роди на роденденот на мојот покоен татко Скот, по кого е и крстена.

Го изгубив татко ми неочекувано пред 3 години. Уште тогаш знаев дека кога ќе имам бебе, ќе го крстам по него. По сите борби и маки, нашата слатка Скоти конечно пристига, од сите денови, на роденденот на мојот татко. Немаше ниту едно суво око во собата.

Пред да се породи, Рејчел ѝ се јавила на Ерин за да ѝ каже дека нивното бебенце е на пат. Бидејќи парот живеел на 2 и пол часа возење од болницата, тие брзо се подготвиле и се упатиле натаму.

Ерин Болховер Ерин Болховер

Кога ја примија Рејчев на болница, знаев дека е РЕАЛНОСТ, а солзите ми течеа по лицето. Бевме на 20 минути оддалеченост од болницата. Ѝ се јавив на мајка ми за да ѝ кажам дека се случува и дека Рејчел се породува и двете плачевме. Тоа беа последните моменти во кои бевме сами со сопругот. Сè што поминавме низ последните 6 години – 5 пункции, 9 инвитра, 6 спонтани абортуси – и нашето патување кон тричлено семејство, беше при крај. Ми изгледаше нереално.

На 19 септември во 13.52 часот нашето чудо бебе, бебе виножито пристигна. НЕМА зборови кои НЕКОГАШ одблиску ќе можат да ги опишат емоциите кои ги почувствував кога таа излезе и ми беше предадена. Буквално липав од плачење. Таа беше неверојатно убава, а гледањето на Рејчел како се породува беше навистина едно од најмагичните нешта кои сум ги видела во мојот живот.

Скоти тежеше 3 килограми и беше долга 51 см.

Ерин Болховер Ерин Болховер Ерин Болховер Ерин Болховер Ерин Болховер Ерин Болховер Ерин Болховер

Последните 15 дена ми беа најубавите денови од мојот живот. Не знам како сум живела толку долго без неа во мојот живот. Срцето ми експлодира од радост и љубов кон неа.

Никогаш нема да можам да опишам со зборови како е да се биде мајка на Скоти. НИКОГАШ нема да заборавам низ што СЀ поминавме за да ја добиеме. Вредеше СЕКОЕ разочарување.

Никогаш нема да можам да ѝ се оддолжам на Рејчел за најголемиот подарок кој може да се добие. Те сакаме многу Рејчел и едвај чекам да можам да ја споделам со Скоти нејзината приказна кога ќе порасне.

Ерин Болховер Ерин Болховер Ерин Болховер Ерин Болховер Ерин Болховер Ерин Болховер Ерин Болховер Ерин Болховер Ерин Болховер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10629 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.