Почетна » Новости » Животни стории » Емотивно писмо од една мајка: „Драга ќерко, не жалам што брат ти има Даунов синдром“

Емотивно писмо од една мајка: „Драга ќерко, не жалам што брат ти има Даунов синдром“

Мајка на дете со Даунов синдром ѝ напиша емотивно писмо на ќерка си, во кое се фокусира на позитивната страна на дијагнозата на нејзиното синче.

Блогерката Џилиен Бенфилд во 20-тата недела од бременоста дознала дека нејзиниот син Андерсон има Даунов синдром. Иако на почетокот била шокирана и исплашена од дијагнозата, откако се родил Андерсон, таа започнала да гледа на неговото нарушување од друг агол.

Во текстот „Драга ќерко, не жалам што брат ти има Даунов синдром“, Џилиен ѝ се обраќа на ќерка си Вајолет.

Вајолет и Андерсон Вајолет и Андерсон

Драга Вајолет,

Кога татко ти ми се јави за да ми каже дека твојот брат има Даунов синдром, мојот свет застана за момент. Го испуштив телефонот и паднав на подот. Првото нешто кое излезе од мојата уста беше: „Ох Господе, ова не е вистина, ова не вистина, ова не е вистина.“ Следното нешто беше: „О не, кутрата Вајолет, кутрата Вајолет, кутрата Вајолет.“ Се разбира, моите мисли беа насочени кон тебе, слатко девојче.

Цели 16 месеци ти беше мојот свет. Искрено можам да кажам дека ги ценев сите наши денови поминати заедно – ДОБРО сега, можевме да поминеме и без деновите кога ти растеа заби. Вистински се трудев да уживам во малите ситници од секојдневието: кикотењето, играњето криенка и читањето на истите книги повторно и повторно. Но, кога дознав за дијагнозата на брат ти, за жал, ја напуштив сегашноста и започнав да живеам во твојата иднина.

Наместо да се фокусирам на твоите први зборови, јас се фокусирав на твоите школски години. Размислував за тоа што ако некој те исмејува заради тоа што брат ти е различен? Што ако јас бидам преокупирана со неговите посебни потреби и ги заборавам твоите? Постојано мислев како сето ова не е фер кон тебе. Но, во тие први неколку недели не помислив колку прекрасна може да биде неговата дијагноза за тебе.

Не знаев дека 97% од децата кои имаат брат или сестра со Даунов синдром се гордеат со нив и дека 88% од децата велат дека нивните браќа или сестри со Даунов синдром се заслужни што тие се подобри личности. Еве што се надевам за тебе, Вајолет...

Кога ќе го видиш Андерсон како работи напорно за да постигне нешто кое тебе ти доаѓа природно, се молам да бидеш скромна. Кога ќе паднеш во искушение да судиш некому врз основа на изгледот, се молам да помислиш на твојот брат и на тоа како ќе му судат нему. Се молам да му одолееш на искушението да се жалиш за малите непријатности во животот и наместо тоа, да бидеш благодарна за многуте работи со кои си благословена.

Се надевам дека меѓусебно ќе се научите да го цените животот, да наоѓате убавина во малите нешта, да живеете исполнети со благодарност. Се надевам дека ќе се научите еден со друг да сакате.

Знам дека можеби ќе пораснеш порано од твоите врсници, но мислам дека тоа не е нешто лошо. Се надевам дека поради твојот брат ќе можеш да ја одминеш лекомисленоста која доаѓа со младоста. Се надевам дека поради твојот брат ќе го живееш животот бестрашно и ќе ги усовршиш сите твои таленти. Се надевам дека кога ќе го видиш брат ти, ќе сфатиш дека надвор од училишните ходници има голем свет со многу потреби.

Па, не жалам што брат ти има Даунов синдром. Веќе не мислам дека тоа не е фер. Всушност, чувствувам дека си во предност поради неговата дијагноза. Ја имаш тајната на животот точно пред тебе. Не е важно да си популарен. Не е важно да имаш најкул автомобил на паркингот на средното училиштето (што патем нема да го имаш). Не е важно да си убава. Вистински важно е да ги сакаш луѓето, сите луѓе.

Те сака, мама

P.S.

Те молам знај дека брат ти е голем среќник што те има тебе за сестра. Знам дека ќе учиш од него, но и тој ќе учи од тебе. Ти си добродушна како тато, а жилава како мене. Ние знаеме дека ти не само што ќе бидеш еден од неговите најголеми учители, туку ќе бидеш и негов заштитник и пријател.

Џилиен и Андерсон Џилиен со Вајолет и синот Андерсон Андерсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.