Почетна » Новости » Животни стории » Емотивна фотографија: Мајка која ја изгубила едната дојка поради рак го дои своето малечко

Емотивна фотографија: Мајка која ја изгубила едната дојка поради рак го дои своето малечко

Моќна фотографија на која мајка го дои своето новородено дете го обиколува светот. На фотографијата, Бо Смит нежно го гледа синчето Џејмс за кое е категорична дека е вистинско чудо.

Бо Смит

„Никогаш не срамете се од лузна. Таа е знак дека сте биле посилни од она што се обидувало да ве повреди. Не можам да опишам какво е чувството секој ден да можам да го дојам мојот син откако ја изгубив едната дојка како последица на рак и откако ми кажуваа дека може никогаш да не го држам ова слатко момче во рацете. Не се срамам од ова тело. Тоа ме потсеќа колкава среќничка сум што сум тука денес“ - напиша таа во објавата на Facebook која стана хит.

32-годишната мајка ја изгубила едната дојка како последица на инфламаторен рак на дојка, што е ретка и агресивна форма на смртоносната болест.

Пред три години, таа забележала грутка на градите, но бидејќи немало случај на рак на дојка во нејзината фамилија и имала само 29 години, не мислела дека е нешто сериозно. За жал, грутката станувала сè поголема и поголема и градата започнала да ѝ поцрвенува. Во февруари 2015 година, на Смит ѝ била соопштена страшната дијагноза.

Бо Смит

Докторите започнале лекување со хемотерапија и радијација, а нејзе ѝ била направена и мастектомија.

„Имав ужасен страв дека ракот ќе се појави и на мојата десна града, но во исто време сакав да ги зачувам градите, за во случај да можам да имам деца во иднина, да можам да ги дојам“ - рекла таа.

Лекувањето дало позитивни резултати и Смит излегла како победник во здравствената битка. Тогаш се засилила нејзината желба да има дете. И покрај тоа што докторите инсистирале дека единствена шанса да забремени е со ин витро, таа одлучила да се обиде да зачне на природен начин. Со помош на лекарства кои поттикнуваат бременост, Смит стигнала до посакуваните две цртички на тестот за бременост.

Бо Смит

Од свое искуство, таа порачува: „Сакам жените да знаат дека дијагнозата рак на дојка, дури и кога станува збор за агресивен рак или ретка форма на рак, не значи крај на животот. Започнува ново поглавје, непријатно поглавје, но такво од кое излегуваме посилни одошто сме биле. Не губете надеж. Чуда постојат. Додека го пишувам ова, го држам моето чудо. И тоа е прекрасно.“

Бо Смит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11076 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.