Почетна » Новости » Животни стории » Е ова е пријателство: Маж го туркал својот пријател во количка 800 км низ Шпанија за да му ја исполни желбата

Е ова е пријателство: Маж го туркал својот пријател во количка 800 км низ Шпанија за да му ја исполни желбата

Од некои пријателства можеме многу да научиме, како од она помеѓу Џастин Скисак и Патрик Греј.

Двајцата пријатели успеале заедно да ја поминат тешката патека „Пат до Сантјаго“ во Шпанија и покрај тоа што Џастин е во инвалидска количка и воопшто не може да ги движи своите екстремитети.

Видео

Џастин добил желба да ја помине патеката на која се движат илјадници верници годишно за симболично да одбележат некоја етапа од својот живот или да пронајдат духовен мир и исполнетост откако гледал ТВ емисија на таа тема. Во тоа време, тој веќе бил во инвалидска количка.

„Епизодата беше за странствување низ северна Шпанија, наречено Пат до Сантјаго. Инстантно знаев, срцето ми велеше: Мораш да го направиш тоа“ – рекол Џастин.

Џастин и Партик биле родени на растојание од 36 часа и уште од мали нозе боле неразделни пријатели. Поради тоа, Џастин бил убеден дека Патрик е единствениот кој може да му помогне да си ја исполни желбата. Патрик имал само еден одговор: „Јас ќе те туркам“.

Патрик и Џастин Патрик и Џастин

Имено, Џастин од 16-годишна возраст страда од многу ретка автоимуна болест од која полека ја губи функцијата на мускулите. Како резултат на тоа, прво му откажале долните, а подоцна и на горните екстремитети.Неговата болест е слична на амиотрофична латерална склероза (АЛС).

Иако болеста го сместила Џастин во количка, таа воопшто не го засегнала неговото пријателство со Патрик.

„Неговата способност да се справи толку добро, со достоинство, навистина ми помогна да не бидам многу засегнат од ситуацијата. Но, кога болеста му стигна до рацете, ми беше многу тешко да се помирам со тоа“ – рекол Патрик.

„Оваа врска е дар. Дотогаш правевме сè заедно, па зошто да не искусиме уште една авантура? Ајде да ја направиме голема. Па, во мојата глава немаше друг одговор освен: Да, јас ќе те туркам“ – додал тој.

Патрик и Џастин Патрик и Џастин Патрик и Џастин

Две години подоцна, инспиративното дуо го започнало своето странствување, кое стартувало во Франција, а продолжило низ планински вериги и реки, па сè до прочуената катедрала на Сантјаго де Компостела. Планинари од 27 различни земји ги придружувале двајцата пријатели и му помагале на Патрик да го турка Џастин низ стрмните и калливи предели.

„Мислам дека ми се врати вербата во човештвото што добив таква милост и помош и љубов. Беше неверојатно“ – рекол Џастин.

Двајцата пријатели успеале да ја изодат патеката долга 800 километри за 34 дена.

Тие снимија документарен филм за своето патување, „I’ll Push You“, преку кој сакаат да испратат порака за љубовта и поддршката.

„Луѓето кои нè опкружуваа, кои нè носеа нагоре по планините, ни дадоа толку многу. Сакам тоа да биде сведоштво како би требало да го живееме нашиот живот. Кој и да дојде во контакт со нас, каква и да е неговата цел, најголемиот подарок што можеме да му го дадеме е да го сакаме. Не мора да бидете дефинирани од вашите ограничувања. Тоа што го правите и покрај ограничувањата е она што ве дефинира“ – вели Скисак.

Патрик и Џастин Патрик и Џастин Патрик и Џастин Патрик и Џастин Патрик и Џастин

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.