Почетна » Новости » Животни стории » Доктори оживеаја мртво бебе родено без крв во телото

Доктори оживеаја мртво бебе родено без крв во телото

Една убава сторија може да ни го стопли срцето и да ни го разубави денот. Раѓањето на малиот Оливер Морган докторите со право го нарекле неверојатно, затоа што малото момче со нивна интервенција било оживеано иако се родило со запрено срце и без крв во телото.

Мајката на бебето поради ретката болест Vasa Previa искрварила во 37 недела од бременоста. Кога се родил Оливер изгледал бледо и мртво, а докторите 25 минути не успеале да го слушнат неговото срце. Но, откако му дале кислород, му направиле масажа на срцето и трансфузија на крв, срцето на Оливер започнало да чука. Во тој момент докторите не можеле да ги задржат солзите на очите.

ОливерОливер додека се бори за својот живот

Денес малиот борец е здраво 15-месечно дете, а неговите родители се пресреќни што го имаат покрај себе.

„Раѓањето на Оливер беше толку голема траума што досега не бев способна да раскажам за неговата приказна. Тој беше роден мртов, без крв во телото, но сега тој седи тука и ми се насмевнуваа. Докторите буквално го вратија во живот и никогаш нема да можам доволно да им се заблагодарам за овој прекрасен подарок“ – изјавила 36-годишната мајка на Оливер, Кети Морган, за британскиот The Sun.

Но, откако Оливер бил вратен во живот, докторите се плашеле дека ќе има сериозно оштетување на мозокот, бидејќи долго време бил лишен од кислород. Затоа, малото бебе било преместено во специјално одделение каде што било поставено под ќебе кое му ја снижило температурата на телото до 33°C за крвта да се насочи кон срцето и мозокот за да можат да функционираат правилно. По три дена докторите започнале малку по малку да ја покачуваат температурата на телото на Оливер. Во истото време млекото од неговата мајка му било давано директно во стомачето.

Единаесет дена биле потребни за Оливер да закрепне доволно за да може да биде испратен дома со родителите.

Џеф, Џек, Оливер и Кети МорганЏеф, Џек, Оливер и Кети Морган

Битката за спасувањето на Оливер не бил единствениот шок за Кети по породувањето. Таа мислела дека носи девојче бидејќи на сите прегледи докторите ѝ го потврдувале истото.

„Тешко е да се поверува низ што сè помина тој, но Оли сега е весело среќно момче и го има цел живот пред себе... Тој е вистински мал борец“ – додала среќната Кети.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.