Почетна » Новости » Животни стории » Дознале дека се брат и сестра пред свадбата, за еден месец ќе им се роди бебе

Дознале дека се брат и сестра пред свадбата, за еден месец ќе им се роди бебе

Неименувани маж и жена од Јужна Африка доживеале огромен шок откако непосредно пред свадбата дознале дека се брат и сестра. Уште полошата вест е што жената е бремена и наредниот месец треба да го роди бебето на својот брат.

Тие ја дознале страшната вистина откако решиле да ги запознаат своите родители пред да стапат во брак.

Нивните родители се разделиле откако таткото ја напуштил мајката во 1983 година затоа што таа го изневерила. Девојчето кое тогаш имало 8 месеци било растено со мајката, а момчето, кое тогаш имало 2 години, заминало да живее со таткото. Двете семејства живееле на само 80 километри оддалеченост.

Верен пар

Според јужноафриканските медиуми, парот се запознал во 2007 година и започнал љубовна врска.

„Тоа беше љубов на прв поглед. Студиравме заедно. Кога го видов за првпат, се поврзавме. Се заљубивме. Сè што сакавме е само да имаме семејство и многу деца. Па, можете да замислите колку бевме шокирани кога ни кажаа. Ќе имаме дете заедно. Не знаеме што ќе му кажеме кога ќе порасне“ – изјавила шокираната жена.

Откако ја слушнале шокантната вистина дека се крвно поврзани, двајцата решиле да се разделат, но сè уште дискутираат како ќе се справат со новата ситуација и растењето на бебето.

„Во моментов не можеме да размислуваме рационално и сè ќе правиме чекор по чекор“ – изјавил мажот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12068 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.