Почетна » Новости » Животни стории » Девојче прослави со омилената фризура откако го победи ракот и си ја порасна косата по хемотерапиите

Девојче прослави со омилената фризура откако го победи ракот и си ја порасна косата по хемотерапиите

Преслатко девојче си ја направи омилената фризура и сними фотосесија по победата над ракот.

Лула

4-годишната Лула била многу тажна кога лани морала да си ја избричи главата откако изгубила голем дел од косата поради хемотерапиите. За среќа, таа не била сама. За да ја охрабри својата сестричка, истото го направил и малиот Коен.

Минатиот месец, по 13 рунди хемотерапија, Лула гордо го крена знакот на кој пишуваше дека ја победила лошата болест. Малото девојче чекало 9 месеци за повторно да си ја порасне косата и да си ја направи омилената фризура.

„9 месеци по хемотерапиите. Таа чекаше со месеци и месеци за да си ја направи оваа фризура. Пред дијагнозата ѝ беше омилена. Ја обожавам нејзината храброст“ – напиша мајка ѝ.

Лула Лула Лула Лула

Во март минатата година, на Лула ѝ бил дијагностициран рак на бубрегот во втор стадиум. Таа морала да помине низ операција за отстранување на туморот и целиот бубрег. Потоа следувале 22 недели хемотерапии.

Лула Лула Лула Лула

„Никогаш не очекувавме дека ние ќе ја примиме таа вест. Секогаш ги гледаш тажните, срцепарателни приказни на другите, сè додека не ти се случат тебе. Лула беше шампион низ целото патување“ – рекла мајката.

Лула Лула Лула

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11938 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.