Почетна » Новости » Животни стории » Детенце без размислување си ја избричи главата откако болната сестричка ја изгуби косата поради хемотерапиите

Детенце без размислување си ја избричи главата откако болната сестричка ја изгуби косата поради хемотерапиите

Мало детенце си ја избричи главата заедно со својата помала сестричка, откако таа изгуби голем дел од косата поради бројните хемотерапии.

Коен не дозволи сеста си Лула, која боледува од редок рак на бубрезите, да ги минува овие моменти сама. Неговиот гест на поддршка и бодрење трогна илјадници лица низ светот.

На фотографиите, 3-годишното девојче му ја бричи главата на Коен и нежно го бакнува на челото.

Лула и Коен Лула и Коен

„Во март 2020, на 3-годишната Лула ѝ беше дијагностициран редок рак на бубрезите во втор стадиум. Таа сега ја заврши 11-тата хемотерапија. Ние знаевме дека тоа ќе ја земе нејзината коса, па започнавме да ја подготвуваме со тоа што ѝ зборуваваме: ‘Можеби ќе треба да ти ја истрижеме косата многу кратко’, а таа ни одговори со: ‘Ајде да го направиме тоа уште вечерва’.“

„Таа не дозволи тоа да допре до неа ни во моментите кога секојдневно имаше полни раце испаѓана коса. Ноќта кога одлучивме дека е време, нејзиниот поголем брат Коен без размислување рече ‘И јас ќе ја избричам мојата!’. Тој ѝ дозволи на сестричката да му ја избричи главата заедно со нејзината, за таа да не треба да минува низ тоа сама. Тој е најдобриот брат. Толку грижлив, љубезен и сочувствителен. Лула му ја избричи целата коса и не издржа да не му ја погали главата и да го бакне кога заврши.“

„Среќна сум што тие се имаат еден со друг, во добро и во зло! Горда сум на моите бебиња“ – напиша мајката во описот.

Лула и Коен Лула и Коен Лула и Коен Лула и Коен Лула и Коен Лула и Коен Лула и Коен Лула и Коен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12023 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.