Почетна » Новости » Животни стории » Девојка сподели шокантна фотографија за да предупреди за опасноста од претераното пиење алкохол

Девојка сподели шокантна фотографија за да предупреди за опасноста од претераното пиење алкохол

Девојка објави фотографија од своите кошмарни моменти во болница за да ја пренесе пораката „Пијте одговорно“.

Пред шест месеци, Хана Лотриц се забавувала на музички фестивал во Невада. Бидејќи започнала да пие алкохол малку подоцна од своите пријатели, таа се чувствувала дека заостанува. Во еден момент се нашла во друштво на неколку познати кои пиеле виски (повеќето од нив биле машки) и одлучила да ги натпие сите.

Хана Лотриц

Откако испила неколку голтки виски од шишето, таа испила и цела чаша од жестокиот пијалак. „Сè што се случи по полноќ го знам од информации кои ги собрав од пријателите, бидејќи не се сеќавам на ништо“ – раскажува 21-годишната девојка.

Веднаш откако испила поголема количина виски, таа им рекла на пријателите дека се чувствува добро, но само пет минути подоцна се онесвестила. Пријателите ја пренесле во шаторот за медицинска помош на фестивалот, а оттаму била однесена во болница.

Хана Лотриц

Хана била во критична состојба, не можела да дише без апарат, а докторите мислеле дека нема да преживее. Дури 24 часа подоцна таа се разбудила од кома. „Докторите и сестрите ми кажаа дека сум среќна што сум жива. Ми кажаа дека мислеле дека нема да преживеам во ноќта. Ме прашаа дали се обидував да се убијам со пиење. Тоа прашање ме погоди најмногу. Следниот ден, кога ме пуштија од болница, сфатив дека засекогаш ќе се смени начинот на којшто гледав на алкохолот“ – пишува Хана на својот блог.

„Ситуацијата можеше да биде многу полоша. За моја среќа, имав добри луѓе околу себе. Некој можеше лесно да ме искористи додека бев без свест. Можеше и да ме остават „да го преспијам пијанството“. Колку многу пати ја имам слушнато фразата „Остави го/ја ќе преспие и ќе биде добро наутро“, но сега јас сум жива зашто моите пријатели побараа помош“ – тврди Хана.

„Ако можам да ѝ помогнам барем на една личност со споделувањето на моето искуство, тогаш ќе бидам пресреќна“ – додава таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.