Почетна » Новости » Животни стории » Две семејства во шок, пред 12 години им биле заменети бебињата

Две семејства во шок, пред 12 години им биле заменети бебињата

Приказните кои можете да ги видите на филм, или во сапуница, понекогаш се случуваат и во реалниот живот. Таква е сторијата за две 12-годишни девојки од Русија кои по раѓањето биле дадени во погрешни семејства.

Засегнатите семејства сега ја тужат болницата за над 115 000 евра поради направената грешка, пишува BBC.

Јулија и ИринаЈулија и 12-годишната Ирина, која не е нејзина биолошка ќерка

Вистината излегла на виделина откако бившиот сопруг на една од мајките одбил да плати алиментација за својата ќерка, велејќи дека не е негова затоа што ни малку не личела на него. Мајката Јулија Белјаева го тужела и судијата наредил да биде направен ДНК тест за да се утврди дали 12-годишната Ирина е негова ќерка или не.

Тестот не само што открил дека сопругот на Јулија не е таткото на Ирина, туку утврдил и дека Јулија не е мајката.

„Направивме два ДНК теста. Двата теста покажаа дека ниту мојот сопруг, ниту јас сме биолошки родители на Ирина. Судијата не можеше да поверува. Таа рече дека вакви случаи имала видено само на ТВ и не знаеше што да нè советува“ – изјавила Јулија за BBC.

Тогаш, изненадената мајка започнала да мисли на раѓањето на Ирина и се сетила дека на истиот ден се пораѓала и друга жена. Веднаш ѝ паднало на ум дека е можно да била направена голема грешка.

Јулија го пријавила случајот и одговорните служби ја лоцирале другата мајка.

„Нивната ќерка Ања беше руса и личи на мене и на мојот бивш сопруг, а нашата ќерка е со темна коса и кожа и личи на другиот татко. Отсекогаш мислев дека Ирина личи малку на мојата свекрва. Таа има темна коса и темни очи. Никогаш не ми паднало на ум дека Ирина не е моја вистинска ќерка. Никогаш не верував дека докторите можат да направат таква грешка“ – раскажала Јулија.

АњаАња, биолошката ќерка на Јулија

Ваквата вест не била шок само за родителите, туку и за самите девојки.

„Ужасно е и за двете. Тие израснале со едни родители, а сега дознаваат дека имаат друга мајка и татко. Ниту едно дете не сака да го напушти својот дом. Ирина постојано ми вели: Мамо, те молам не ме давај! Јас ја тешам и ѝ велам: Никогаш не би направила нешто што не сакаш. Ништо не е променето. Јас сè уште сум твоја мајка.“

„Што се однесува до Ања, мојата биолошка ќерка, и таа вели дека сака да остане со родителите што ги познава. Само ќе нè посетува од време на време“ – изјавила Јулија.

ИринаИрина

„Кога ја видов, беше како да гледам копија од мене како дете. Во тој момент не ми требаше резултат од ДНК тест за да ми каже дека тоа е мојата ќерка. Во периодот од два месеци кој помина оттогаш, не се среќаваме често. Живееме на различни страни од градот. Кога се сретнавме, таа ми се обрати со „мамо“ неколку пати. Но, мислам дека го направи тоа затоа што смета дека јас сакам тоа да го слушнам. Јас сум странец за неа.“

„Другото семејство се муслимани. Па, мојата биолошка ќерка е израсната како муслиманка. Тие имаат сосема поразлични традиции и обичаи. Тоа уште повеќе ги отежнува работите“ – рекла загрижената мајка.

И двете семејства поминале низ развод. Сега се во процес да станат добри пријатели. „Ќе станеме пријатели, ќе ги запознаеме нашите ќерки и тие ќе станат сестри“ – рекла Јулија.

Нејзиниот бивш сопруг ги признал двете девојчиња за свои деца и ќе продолжи да плаќа алиментација.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.