Почетна » Новости » Животни стории » Ги надмина очекувањата: Бебето родено без дел од мозокот и черепот го прослави вториот роденден

Ги надмина очекувањата: Бебето родено без дел од мозокот и черепот го прослави вториот роденден

Џексон Емет Бјул продолжува да изненадува со својата желба за живот. Малото момче родено без дел од мозокот и черепот ги надмина очекувањата на докторите и го прослави својот втор роденден.

Џексон

Британи Бјул била во 17-тата недела од бременоста кога гинекологот увидел дека има проблем со развојот на бебето. Дијагноза: Аненцефалија. На родителите им било предложено да го абортираат бебето.

Британи и нејзиниот сопруг Брендон се против абортусот, па веднаш решиле дека не е нивна одлуката дали бебето ќе живее или не. „Кои сме ние да одлучуваме? Нам ни беше дадено дете, ни беше дадена шанса и ние моравме да бидеме неговиот глас“ – изјавил Брендон.

По раѓањето, бебето добило нова дијагноза (Microhydranencephaly) заедно со соодветна терапија.

Џексон

Мозокот на Џексон престанал да се развива во првите неколку недели од бременоста. Нему му недостасува 80% од мозокот кој би го имал при нормален развој.

Докторите прогнозирале дека Џексон можеби нема да ја преживее бременоста и тврделе дека ако по некакво чудо ја преживее, тој нема да може да оди, да зборува, да гледа и да слуша.

Но, Џексон ги „срушил“ прогнозите на докторите и докажал дека може да прави многу повеќе нешта отколку што очекувале. „Тој може да гледа и слуша. Забележавме дека може да мириса. Може да вкусува – бидејќи иако е сè уште зависен од туба за хранење, ние му дозволуваме да вкусува разни храни. Со прстите му ставаме желе или сладолед во устата. Има одредени јадења кои не му се допаѓаат и ги плука, а другпат се смее. Сетилата му функционираат и тоа е неверојатно за гледање“ – изјавила Британи.

Џексон Џексон

Бременоста на Британи била исполнета со неизвесност, бидејќи таа не знаела дали нејзиното бебе ќе се роди живо. „Беше ужасно. Ми се кршеше срцето, бидејќи се случуваше нешто кое го посакував целиот мој живот, но постоеше и можност да добијам мртвороденче. Тоа ми ја одзеде радоста. Кај мене ја немаше среќата која секоја нормална трудница ја чувствува“ – раскажала таа во интервју за MailOnline.

„Го славиме секој ден на Џексон. Се обидуваме да го направиме специјален за него. Независно дали читаме книга во неговата соба или се гушкаме на каучот заедно, тоа е најмалото нешто, но за него, тоа е целиот свет“ – додала таа.

Џексон Џексон Џексон

Британи и Брендон целат да им покажат на родителите дека секогаш има светлина на крајот од темниот тунел. „Нашата фамилија стана посилна. Има чудо зад приказната на Џексон. Сакаме да им кажеме на други семејства дека дури и кога се во мрачна ситуација, секој живот треба да се слави, цени и негува. Никогаш не можеш да знаеш што ќе се случи. Џексон го докажува тоа“ – велат тие.

„Неговиот живот е скапоцен. Не знаеме што може да донесе утрешниот ден, но тој е сè уште тука и го славиме тоа“ – вели мајката.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.