Почетна » Новости » Животни стории » ВИДЕО: Приказната за момчето со една нога кое стана фудбалер

ВИДЕО: Приказната за момчето со една нога кое стана фудбалер

„Иако сум роден без десна нога и колк, избрав да се фокусирам на она што сум, а не на она што го имам“ – вели Николај Калабрија, главниот лик од рекламната кампања „There’s Power in Every Game“.

Видеото „Nico’s Story“, кое е дел од кампањата за Светското првенство во фудбал на Powerade, бренд за спортски пијалаци на Coca-Cola, ќе ве увери дека ништо не е невозможно кога не се бараат изговори, туку се негува желбата за напредок.

Рекламата всушност е мини документарен филм за Нико, кој од плачливо детенце прерасна во самоуверено момче кое бестрашно и решително се бори за она што го сака.

Нико

Нико е роден со една нога, но уште во раното детство покажувал огромна љубов кон фудбалот. На почетокот носел протеза на ногата за да може да ја удира топката, но на околу 5-годишна возраст таа била заменета со патерици. Промената му овозможила да трча значително побрзо и да игра против играчи кои не се соочуваат со физички инвалидитет.

На 19-годишна возраст Нико има со што да се пофали, бидејќи постигнал многу во животот. Тој е најмладиот член на Американскиот национален машки фудбалски тим од играчи со ампутирани екстремитети, а е и првиот човек кој се искачил на Килиманџаро на патерици. Со искачувањето на Килиманџаро тој собрал околу 100.000 долари кои ги донирал за децата во Африка на кои им се потребни инвалидски колички.

Нико Нико

Погледнете го видеото кое ќе ве увери дека се крие голема вистина во изреката „Ако се сака, сè се може“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.