Почетна » Новости » Животни стории » ВИДЕО: Мајка го слуша за првпат гласот на 8-годишниот син

ВИДЕО: Мајка го слуша за првпат гласот на 8-годишниот син

По стотиците тажни вести со кои сме бомбардирани секојдневно, сториите со среќен крај секогаш се добредојдени за да нè потсетат на убавата страна на животот.

Доун Ким постепено започнала да го губи слухот пред 15 години поради генетско заболување. 43-годишната мајка од Тексас мислела дека никогаш повеќе нема да го слушне гласот на своите деца.

Но, надежта дека ќе излезе од светот на тишината ѝ се обновила во ноември минатата година, кога од шоуто „The Doctors“ ѝ понудиле операција за враќање на слухот.

Доун и малиот АшерДоун и малиот Ашер

Откако во Лос Анџелес ѝ бил вграден кохлеарен имплант, бил снимен емотивниот момент кога Доун за првпат го слуша гласот на својот 8-годишен син Ашер.

„Сега таа конечно може да ме слуша и веќе не сум безгласен“ – вели малото дете по средбата со мајка си.

Пред една година милиони лица останаа со широка насмевка поради реакцијата на двегодишниот Купер кој за првпат го слушна гласот на својата мајка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11428 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.