Почетна » Новости » Животни стории » ВИДЕО: Жена со неизлечив рак е инспиративен модел за убавина

ВИДЕО: Жена со неизлечив рак е инспиративен модел за убавина

Прекрасна фотосесија направена во Париз ги освои срцата на интернет публиката, само поради главната ѕвезда која ги осветлува сите фотографии.

Во центарот на сите бајковити фотографии е насмеаната Џил Брзезински-Конли, 35-годишна позитивна жена која нема да успее по вторпат да извојува битка против ракот.

Џил Џил

Идејата на Џил е преку фотографиите да ја раскаже својата приказна и да ги инспирира сите жени да се чувствуваат добро во своето тело, независно од тоа како изгледаат. Таа сака нејзината порака да стигне најмногу до жените во 20-тите и 30-тите години од животот кои се соочени со оваа болест. „Сакав фотосесијата да биде за жените кои личат на мене за да им покажам дека можат сè уште да се чувствуваат секси и убаво“ – изјавила таа.

Џил за првпат дознала дека боледува од рак на дојка еден ден пред 32. роденден. Кога докторот ѝ ја соопштил ужасната вест, таа не можела да поверува. „Никогаш нема да го заборавам тој ден. Паднав на подот. Бев сама и не можев да престанам да плачам“ – изјавила таа.

Џил

Следела хемотерапија и двојна мастектомија, но една година подоцна таа дознала дека агресивниот рак се вратил и дека се проширил во нејзините коски. „Тие ми кажаа и дека нема да можам да имам деца. Тоа беше најстрашно“ – раскажала таа.

Откако се помирила со страшната дијагноза, Џил ја побарала својата пријателка Ники Клосер која е свадбена фотографка. „Ники, сакам да направиш фотографии од моите гради за да ги пратиме во списанијата за месецот на ракот на дојка (октомври). Медиумите никогаш не покажуваат како изгледа ракот на дојка“ – тоа била молбата на Џил.

По фотосесијата, Ники ги испратила фотографиите на познатата австралиска фотографка Сју Брајс. Трогната од приказната на Џил, Сју ги поканила во градот на светлината каде ја направиле фотосесијата.

Џил Џил

На фотографиите Џил позира во светло розов раскошен фустан пред Ајфеловата кула.

„Беше милион пати подобро отколку што некогаш сум сонувала. За првпат, во тие пет дена се чувствував како Пепелашка. Не се чувствував како пациент со рак. Тие направија да се почувствувам како супермодел и тоа беше најубавото чувство... не сакав да се вратам дома“ – рекла Џил.

Џил

Освен што сака да ги инспирира жените да се чувствуваат убаво, Џил со својата приказна сака и да ги поттикне да се едуцираат повеќе на тема рак на дојка. „Ако знаев дека вовлечена брадавица е знак за рак на дојка, ќе одев да се проверам порано. Секогаш се прашувам дали ракот ќе беше во друг стадиум ако го сторев тоа“ – рекла таа. Нејзиниот совет до жените е: „Бидете информирани, учете за своето тело, научете кои се знаците на рак на дојка.“

Џил

Документарниот филм „The Light That Shines“ ја раскажува нејзината приказна. Во него Џил ги покажува лузните од мастектомијата, ги открива комплицираните емоции и се обидува да пренесе дел од својата позитивна енергија.

„The Light That Shines“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.