Почетна » Новости » Животни стории » ВИДЕО: Емотивна исповед на мајка на две деца која била изневерувана и тепана од својот сакан

ВИДЕО: Емотивна исповед на мајка на две деца која била изневерувана и тепана од својот сакан

Мајка на две деца, која собра храброст да го напушти партнерот кој ја изневерувал и малтретирал, има силна порака за жените.

„Ниту еден маж нема право да удира жена... Насилството не е одговор!“

Ема Марфи објави емотивно видео во кое раскажува за лошите моменти во врската со мажот кој го нарекувала „љубовта на мојот живот“, за неговите неверства и за физичкото и психичкото малтретирање кое го трпела. Нејзината цел е да ги инспирира жените во светот кои се наоѓаат во слична ситуација.

Едното око на 26-годишната мајка на две мали деца е модро како последица на последниот напад на нејзиниот партнер.

I thought long and hard before posting this video, this is very difficult for me but I have to do what is RIGHT, if you or anyone you know has it is in a similar situation please share this video to inspire other women around the world, violence is NOT the answer!!!!

Posted by Emma Murphy on Monday, July 6, 2015

Марфи долго време размислувала дали да го објави видеото, пред да одлучи дека мора да го направи тоа за себе и за своите деца.

„Имам 26 години, од Даблин сум, имам 2 деца. Бев во врска две и пол години со маж кој мислев дека е љубовта на мојот живот. Тој беше љубовта на мојот живот. Имавме добри и лоши периоди. Ги ценев добрите, нема да ми недостигаат лошите. За жал, минатата година дознав дека ме изневерил. Дознав во јуни, но тој негираше. Таа ме контактираше во ноември и ми кажа дека е бремена. Па, поради стресот, се породив предвреме. Како што можете да си замислите, целиот свет ми се преврти наопаку.“

„Си мислиш дека познаваш некого... Го сакав толку многу што се обидов да му простам, му дадов уште една шанса и го примив назад“ – вели Марфи.

Ема Марфи

Но, проблемите не завршиле тука. Таа дознала дека тој повторно ја изневерил.

„Се соочив со него. Се разбира, тој негираше и кога му го фрлив телефонот, тој со тупаница ме удри по лицето. Тоа не му беше првпат. Минатата година ми ја расцепи главата, а претходно уште еднаш ме имаше удрено и имав модро око. Во изминатава година и пол ми кажуваше дека сум параноична и психо, дека сум луда и дека несигурноста еден ден ќе ме убие“ – раскажува таа низ солзи.

„Најпосле сфатив дека НЕ, ова не е прифатливо. Ниту еден маж нема право да удира жена. Не е правилно да се крева рака на жена, а дури сега јас го сфаќам тоа. Имав храброст да си заминам и да одам право кај моето семејство и пријателите, кај луѓето кои ме сакаат.“

„Па, сега сум самохрана мајка на две деца, две прекрасни деца. За жал, кога ќе прашаат каде е татко им, тој нема да биде тука. И тие ќе знаат дека нивниот тато ја удирал нивната мама, а тоа не е нешто што деца би требало да го видат. Не би требало да гледаат какво било насилство.“

„Па, ако некој поминува низ нешто слично... треба да собереш храброст и да избегаш од сè што не е здраво, како насилството. Оди кај твоите пријатели и семејството, луѓето кои те сакаат и се грижат за тебе. Особено ако имаш деца.“

Марфи го завршува видеото со порака до жените кои се физички или психички малтретирани во врската и категорично им вели да ги напуштат насилниците, бидејќи најчесто насилството се повторува.

Ема Марфи

Видеото на Ема веднаш се распространи преку Facebook и има над 3,3 милиони прегледувања и над 9.000 коментари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.