Почетна » Новости » Животни стории » Бремена жена болна од рак го стави животот на бебето пред својот

Бремена жена болна од рак го стави животот на бебето пред својот

Кога на Јесенија Руиз-Рохо ѝ било соопштено дека е болна од рак, таа била во четвртиот месец од бременоста. Не мислејќи на себе, 21-годишната трудница им ја соопштила на докторите својата последна желба: „Само спасете го моето бебе“.

Руиз била примена во болница во 15-тата недела од бременоста со силни болки во стомакот и повраќање. Резултатите од тестовите биле шокантни за сите – тумор кој зафаќал повеќе од 65% од црниот дроб.

Прогнозите на докторите биле дека ѝ преостануваат уште 2-4 месеца живот, но Јесенија била решена дека треба да го донесе своето бебе на свет. „Таа ни рече дека сè што сака е нејзиното бебе да живее. Беше подготвена да направи сè што е потребно за тоа да се случи“ – изјавил шефот на одделот за интервентна радиологија, кој подоцна го нарекол нејзиниот случај „медицинско чудо“.

Јесенија со своето семејствоЈесенија со своето семејство

Докторите не можеле да го отстранат туморот поради големината и локацијата, а желбата на храбрата мајка да го зачува бебето веднаш ја исклучила можноста за хемотерапија. На докторите единствено им преостанало да експериментираат, применувајќи сосема нова терапија на селективна радијација.

Јесенија била примена во болница на 9 јануари во 32-та недела од бременоста и родила здраво машко бебе, Лука.

Малиот ЛукаМалиот Лука

Кратко време по породувањето, Јесенија се преселила во Калифорнија за да помине повеќе време со семејството и со своето мало „чудо“. Таа одбила секакво понатамошно лекување, бидејќи според неа, тоа би го намалило квалитетот на краткото време кое ѝ преостанува за да биде со малиот син.

Иако има броени денови живот, новата мајка ужива во секоја минута помината со своето бебе. „Обожавам да го минувам времето со својот син. Тој е прекрасен... Многу сум благодарна за него“ – изјавила Руиз.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.