Почетна » Новости » Животни стории » Била нарекувана „далматинец“ и „жирафа“ поради многуте белези, сега инспирира на Instagram

Била нарекувана „далматинец“ и „жирафа“ поради многуте белези, сега инспирира на Instagram

Јулијана Јусеф поседува огромна самодоверба и се гордее со себе, иако била исмејувана и навредувана заради изгледот кога била мала.

26-годишната девојка која живее во Варшава има многу бенки по рацете и телото и еден голем белег кој покрива голем дел од нејзиниот грб и стомакот. Поради тоа, на нејзина адреса честопати биле испраќани навреди како „далматинец“, „жирафа“ и „крава“.

Јулијана Јусеф Јулијана Јусеф

„Докторите беа шокирани, бидејќи немаа видено толку екстремен случај. Имав многу бенки на моето мало тело и тие му рекоа на моето семејство дека не знаат колку долго ќе живеам“ – објаснила таа.

Јулијана Јусеф Јулијана Јусеф

И покрај лошите прогнози, Јулијана се изборила за живот. Сега таа го живее секој ден до максимум и ги инспирира своите фанови на Instagram.

Нејзините следбеници секојдневно ја опсипуваат со позитивни коментари како „Ти си прекрасна“, „Мојата ќерка исто така има белег и сакав да кажам колку прекрасно е да се види дека други се гордеат со својата ретка убавина“ и „Мора прво самите да се сакаме себеси за другите да нè почитуваат и сакаат. Му благодарам на Бог што сите сме различни, тоа ни ги прави животите позабавни“.

Јулијана Јусеф Јулијана Јусеф Јулијана Јусеф

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.