Почетна » Новости » Животни стории » Апел за помош на 9-годишната Љупка од Битола која страда од церебрална парализа и епилепсија

Апел за помош на 9-годишната Љупка од Битола која страда од церебрална парализа и епилепсија

Покажете ја вашата хумана страна! Ајде заедно да ѝ помогнеме на малата Љупка Велјановска. 9-годишното девојче од Битола страда од церебрална парализа, а како последица на тоа доби и епилепсија.

Закажана е операција во Турција, која му влева надеж на семејството дека таа ќе ја победи болеста. Трошоците за операцијата ќе ги покрие државата, но на родителите им се потребни уште неколку илјади евра за останатите предоперативни трошоци, кои не можат сами да ги обезбедат.

Љупка Велјановска

„Потребна е помош за лекување на малата Љупка Велјановска од Битола. Малата Љупка има церебрална парализа, а како последица на тоа доби и епилепсија. Најновите испитувања покажале дека сè се случувало заради недостаток на кислород во мозочето. Оваа година, се отвори надеж за семејството дека со операција во Турција е можно малата да ја победи болеста. Во името на милоста и љубовта, кои на сите ни се потребни, и кои ги добиваме само кога ги даваме, да подариме надеж, утеха и радост на ова семејство“ – стои во апелот на социјалните мрежи.

Телефон за донации:

  • А1: 143 467
  • (со секој повик донирате 100 ден. +18% ддв)

    Жиро сметка: 200002785092704
    Банка: Стопанска банка АД Скопје
    Дознака: Донација

    Лице за контакт: Клодиана Велјановска
    Телефонски број: 078 300 798
    Љупка Велјановска

    Анкета

    Анкета
    Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
    • 10%
    • 26%
    • 64%
    Се испраќа...

    (Вкупно: 10389 гласа)

    Цитат

    Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

    Лилиен Диксон

    Виц

    Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

    На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.