Почетна » Новости » Животни стории » Апел за помош на 15-годишната Сара на која помалото братче треба да ѝ донира коскена срж

Апел за помош на 15-годишната Сара на која помалото братче треба да ѝ донира коскена срж

Сара Настеска има потреба од наша помош. За да се спаси животот на 15-годишното девојче од Охрид, мора да му биде извршена трансплантација на коскена срж.

Сара Настеска

Сара боледува од апластична анемија, болест која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.

Нејзиното 13-годишно братче Виктор е единствен сроден донатор, кој ќе ѝ донира коскена срцевина. Меѓутоа, за трансплантацијата потребни се над 200.000 евра кои родителите не можат сами да ги обезбедат. Оперативниот зафат планирано е да биде направен на детска клиника во Германија.

Покажете ја вашата хуманост и заедно да ѝ помогнеме на Сара да продолжи да му се радува на животот.

Телефони за донации:

  • TELEKOM: 143 102
  • VIP: 143 480
  • (со секој повик донирате 100 ден.)

    Жиро сметка: 200 0015579596 72

    Банка: Стопанска банка АД Скопје
    Горан Настески

    Сара Настеска

    Анкета

    Анкета
    Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
    • 13%
    • 25%
    • 62%
    Се испраќа...

    (Вкупно: 11122 гласа)

    Цитат

    Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

    Лилиен Диксон

    Виц

    Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

    На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.